Честитка од градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево , Г-н Костадин Личков по повод Денот на независноста „8ми Септември“Почитувани сограѓани,
Сакам да Ви го честитам денешниот ден 8ми септември „Ден на Независноса на Р.Македонија “ .Голем ден за Македонија и Македонскиот народ кои сите сплотени во 1991 година одлучивме да живееме ние и нашите поколенија во самостојна, суверена и независна Македонија.
Поминаа 25години од тој светол ден кога го остваривме својот вековен идеал – слободна Македонија! . Тој вековен идеал беше мисла и водич низ историјата на нашите предци низ бројни востанија, и ослободителни војни,со бројни жртви, дадени за овој народ и ова мало парче земја , распарчувано со векови.
Без оглед на предизвиците кои доаѓаат на нас денешните генерации чувањето на независноста е наша обврска,која им ја должиме на нашите предци на нас самите и на нашите поколенија .
На нас останува обврската да ја направиме Македонија политички и економски силна, развиена и стабилна држава а нашата општина пријатно место за живеење за секој граѓанин.
Уште еднаш нека ни е Честит 8ми Септември! Да ни биде вечна и вековита Македонијa!
Почитувани сограѓани,
Сакам да Ви го честитам денешниот ден 8ми септември „Ден на Независноса на Р.Ма