Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати честитка до сите припадници на Српската заедница во Република Македонија, по повод празникот посветен на Света Сава.Честитката ја пренесуваме во целост.
-Почитувани припадници на Српската заедница во Република Македонија,
Дозволете ми во свое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ве поздравам и да Ви го честитам 27 Јануари, празникот посветен на Свети Сава.
Свети Сава е дел од плејада на свети личности, мислители и дејци кои со својата неуморна просветителска и црковна дејност им оставиле силни универзални вредности на балканските христијански народи. Ако во Република Македонија тоа се Свети Кирил и Методиј, во Србија и помеѓу српскиот народ тоа е Свети Сава, првиот српски архиепископ и деец кој оставил траен белег во негувањето и ширењето на христијанска мисла на Балканот. Од овие причини, но и од почит кон српскиот народ, овој ден веќе деветта година по ред го одбележуваме како празник на српската заедница во Република Македонија.
Ваквите празници се исклучително важни и значајни. Преку нив го негуваме меѓусебното почитување, учиме еден за друг и живееме еден со друг. Македонскиот и српскиот народ отсекогаш имале блиски релации и многу нешта кои ги поврзуваат. Таквата поврзаност нè собирала на заеднички прослави во минатото, нè собира на заеднички прослави и денес. Уверен сум дека таквиот однос ќе продолжи и во иднина. Воедно, уверен сум дека заедно ќе продолжиме да работиме за силен економски подем, подобрување на стандардот и животот на нашите граѓани, перспективна и напредна Република Македонија.
Ви посакувам добро празнично расположение, убава домашна атмосфера, среќна слава и многу здравје, среќа и успех во новата 2016. година.
Нека Ви е честит големиот празник!Честитката ја пренесуваме во целост.
-Почитувани припадници на Српската заедница во Република Македонија,