Фразата „ќе умрам од страв„ за некои луѓе може да биде вистина.
Медицинските стручњаци наведуваат дека и здравите луѓе можат да умрат од страв-односно од последица на некое трауматично случување.
За многу од нас покаченото ниво на адреналин кој се предизвикува кога се гледаат филмови на страв и ужас, повеќе е забавен отколку застрашувачки. Срцето работи забрзано, дланките се потат, но знаете дека ќе излезите од кино салата кога ќе заврши филмот.
Меѓутоа реалната средба со опасност по животот, како теоретски напад или природна катастрофа, предизвикува далеку поголем страв.Доктор Мартин Самуелс од Медицинскиот факултет во Бостон е стручњак за изненадна смрт, „Дали човекот може да се исплаши до смрт? Да. Постојат докази дека човекот во извесна ситуација може да умре од страв„. -тврди докторот кој проучува случаеви кои умреле од стресна причина. Тој вели дека физичката реакција често е предизвикана од она кое тој го нарекува одговор „соочи се или бегај„.
Емоционалната реакција поттикнува цел еден процес – нервните клетки емитуваат хемиска супстанца во крвотокот, зениците се шират, дишењето се забрзува, крвта доаѓа во мускулите, тоа прави вишок на енергија и има потреба да се соочи со опасноста или да избега. За поголем број на луѓе синдромот „бегај или соочисе„ трае многу кратко „хемикалијата оди назад во крвотокот, срцето се враќа во нормала и ние се одмараме„-вели доктор Самуелс.Меѓутоа не се сите со таква среќа. Доктор Самуелс вели дека постојат луѓе чие срце претрпува голема штета. „Мислам дека секоја личност потенциално е изложена на овој ризик. Сите ние во себе носиме мала бомба. Сите сме изложени на ризик. Доколку се најдеме во ситуација стресот да е премногу силен, ако нема излез било кој од нас може да умре под тие околности„ пртедупредува Самуелс. И самите статистики се застрашувачки. Секоја година умираат 12 милиони луѓе од срцев или мозочен удар.Многу умираат во рок од еден час од првите симптоми, дури и пред да стигнат во болница. И додека повеќето истаржувања се фокусирани на она што е веќе познато за срцевите болести, изгледа дека е се поголема заинтересираноста на научниците да ги пронајдат причините поради кои некои луѓе умираат без предходни симптоми на болести.
Извор: iluzionist.com.mk