Често носите тесни фармерки? Можеби по овој текст ќе го промените мислењето

Тесните фармерки се наоѓаат во орманот на скоро секоја девојка или жена. Различни модели, бои и дезени, станаа моден тренд пред повеќе од 15 години.Многу познати личности ги носат, како во лежерна варијанта, така и во вечерни излегувања. И Војвотката од Кембриџ редовно ги носи, поготово кога се игра со својот син во паркот. Сепак постојат индиции дека ова парче гардероба всушност влијае неповолно на нашето здравје.
Една 35- годишна жена се онесвестила на улица, не била во состојба со денови да се мрдне, а експертите шпекулираат дека тоа се случило токму поради нејзините тесни фармерки.

Бутините и биле видно оштетени, што докторите морале да го исечат џинсот за да и пружат помош. За нејзиниот случај пишувало и списанието за неврологија за да ја подигне свеста околу опасноста за носење претесна гардероба.
Несреќната девојка со денови не можела да оди, но со соодветна физикална терапија заздравела. Докторите откриле дека девојката претрпела бројни оштетувања на мусклулното ткиво, поготово во долниот дел од нозете, листовите, а тесните фармерки само ја влошиле ситуаијата.
Експертите истакнуваат дека џинсот ги стега нозете и така го намалува дотокот на крв во мускулите, што може да предизвика болка во нозете. Тесните фармерки се одговорни и за невролошката состојба која, поради притискањето на нервите кои одат од карлицата до внатрешноста на бутините, доведува до скокоткање, трнење и „горење“ на нозете.Многу познати личности ги носат, како во лежерна варијанта, така и во вечерни излегувања. И Војвотката од Кембриџ редовно ги носи, поготово кога се

Пронајдете не на следниве мрежи: