Често ви се грицка? Еве здрав начин како можете тоа да го направите!

Колку пати во денот ви се случува да направите мала прошетка до кујната со цел да пронајдете нешто за грицкање? Ако често го правите тоа, значи и вие спаѓате во милионите луѓе низ светот кои уживаат да грицкаат.И сепак, ако ги запрашате, повеќето од нив ќе го оценат грицкањето како лоша навика. Но, вистината е дека самата навика за грицкање не е штетна ниту за здравјето, ниту за витката линија. За покачувањето на тежината и холестеролот виновна е желбата на луѓето да грицкаат храна која изобилува со масти и калории.
Всушност, повременото грицкање е здраво и полезно за секоја диета. Малата ужина ќе ви помогне да го одржите нивото на енергија, да го намалите чувството на глад и со тоа да го избегнете прејадувањето за време на оброците. Многу подобро е да грицнете нешто пред ручекот, отколку прегладнети да седнете на маса.
Не правете од ужината оброк. Никогаш не треба да имате ужина која содржи повеќе од 150 калории, затоа што тоа всушност е мал оброк. Ужината треба да ви помогне да ја одржите енергијата и да го елиминирате чувството на глад до наредниот оброк, а не да ве најаде.

Мезете бавно. Исто како и главниот оброк, ужината треба да ја јадете бавно. На мозокот му се потребни 15-20 минути за да ја добие пораката дека сте најадени.
Никогаш нема да погрешите ако јадете свежо овошје и зеленчук. Повеќето овошни плодови и зеленчуци содржат под 100 калории, па така никогаш нема да направите грешка ако изберете да ја задоволите желбата за грицкање со едно јаболко, портокал, краставица, целер, моркови или брокули.
Секогаш имајте здрави грицки во кујната. Во малечки кесички чувајте си веќе направен домашен микс од сушено овошје и јаткасти плодови. Во фрижидерот секогаш имајте свежа краставица и мали моркови, а во замрзнувачот – замрзнато грозје. Докажано е дека ако имате на дофат на рака здрави грицки, помалку ќе посегнувате по чипсот или чоколадото.
 И сепак, ако ги запрашате, повеќето од нив ќе го оценат грицкањето како лоша навика. Но, вистината е дека самата навика за грицкање не е штетна нит

Пронајдете не на следниве мрежи: