Четири луди јапонски фастфуд комбинации

Одамна е познато дека Јапонците се креативен народ. Тие и овој пат успеаја да докажат дека е тоа така, но преку комбинирање на разни видови храна!Чикенбургер со чоколадо, мед и сенф
Две работи се значајни за овој бургер. Прво, комбинацијата на мед и сенф со чоколадо од која ќе ве заболи желудникот само од читањето на состојките. Второ, овој вид на сендвич се служи на промоции и посебни настани, па секој кој го нарачал ова веројатно закажал и состанок со дијареата.
Чоколаден помфрит
Да, овој помфрит се служи со чоколаден сос. Ова важи за сите оние моменти во кои сметате дека вашиот кечап не е доволно сладок. Исто така, сосот се служи во убава и крцкава чашичка за сосови, која може да се јаде веднаш кога ќе се истроши чоколадниот сос.
Сладолед од зеленчук
На 12 мај, два нови вкуса на сладолед ќе најдат во јапонските продавници: цреша-домат и морков-портокал. Интересен е фактот дека секој од нив е составен од две здрави намирници кои имаат иста боја. Им држиме среќа доколку се одлучат да направат сладолед со вкус на аспарагус-киви и компир-дуриан!
Кит Кет пица
Средната пица чини околу 16 долари и се служи со парчиња манго кои се обвиткани околу Кит Кет чоколатца и некоја горгонзола која е веројатно премногу неквалитетна за ставање во нормална пица.
Се разбира, овој потег не е целосно непредвидлив, со оглед на тоа дека во Јапонија владее огромна љубов кон Кит Кет чоколатцата, но и кон исхраната од ваков вид. Продавницата на Кит Кет која што беше отворена во Токио во јануари минатата година, нуди разни вкусови во комбинација со овие чоколатца: од печен чај, до црвен грав.
Во овој момент, пицата се чини како понормална опција. Нели?Чикенбургер со чоколадо, мед и сенф
Две работи се значајни за овој бургер. Прво, комбинацијата на мед и сенф со чоколадо о

Пронајдете не на следниве мрежи: