Четири малолетници жртви на Ask.fm

Британија и Ирска се во шок откако четири млади деца си го одземале животот бидејќи биле малтретирани на популарниот интернет сајт – Ask.fmСпоред британски Дејли Меил, последна жртва на навредите од корисниците на сајтот е 14-годишната Хана Смит. Нејзиниот татко, Дејв, покренал петиција за затворање на спорниот сајт, а испратил и апел до британскиот премиер Дејвид Камерун.
Тие раскажале дека нивната ќерка се приклучила на сајтот бидејќи имала проблеми со егзема и сакала да најде некој со кого ќе ја споедели маката и ќе најде решение. Но, наместо тоа добивала пораки, „убиј се“, „испиј киселина“, „не вреди да живееш“. Не можејќи да го издржи насилството се обесила во својата соба, а телото го нашла нејзината постара сестра. 
Во април, животот со бесење си го одземал и 15-годишниот Џош Усворт, кој исто такак била жртва на навреди на сајтот. 
Две тинејџерски од Ирска, Кјара Пагзли и Ерин Галагер се самоубиле откако биле измачувани на Ask.fm. 
Родителите бараат да се затвори сајтот пред уште некое дете да заврши трагично. Според нив секојдневно стотици деца се мета на силеџии кои ги навредуваат и мачат. 
Ask.fm e социјална мрежа, а нејзините креатори се од Латвија. Секој корисник добива прашања од останатите членови на мрежата. Лансирана е во 2010 година. 
Во последно време оваа мрежа се поврзува со интернет-насилство и тоа претежно тинејџери, кои според родителите, се незаштитени во сајбер просторот. 
Извор: kurir.mkСпоред британски Дејли Меил, последна жртва на навредите од корисниците на сајтот е 14-годишната Хана Смит. Нејзиниот

Пронајдете не на следниве мрежи: