Четири одлични концерти на „Три круши“ минатата седмица. За неделава подготвени уште квалитетни содржини

Седмица исполнета со музика, забава, хумор и добро расположение. Вака накусо може да се опише она што се случуваше во месноста Три круши во изминатите денови.Во рамки на културното лето „Три круши 2016“ кое ќе се одвива се до крајот на месецов, минатата недела во организација на општина Кисела Вода, настапија звучни имиња.
Моќниот глас на Сузана Спасовска на сцена ги донесе нејзините најголеми хитови, како и други македонски народни песни кои многуте посетители ги пееја заедно со неа. Уште еднаш, таа покажа како треба да изгледа вистински квалитетен концерт и што значи да си миленик на публиката. Аплаузите не сопираа ниту за Момо Николовски кој заедно со групата „Модерато“ интерпретираше дел од својот богат репертоар, но и друга популарна музика. Покрај тоа што уживаше во неговата изведба, публиката дополнително се расположи и од бројните шеги и досетки со кои тој ја надополни атмосферата на настапот на легендите на македонските народни приказни Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски и Владо Дојчиновски.
Нивната хумористична претстава предизвика многу смеа кај публиката на “Три круши”. Посетителите на културното лето уживаа и во настапот на фолк групата Фортуна, која изведе голем број на познати македонски народни песни. Не изостана ниту забавна музика. До доцна во ноќта, Верица Пандиловска ги пееше своите најпопуларни песни, како и голем број на евергрини кои, судејќи по атмосферата, очигледно беа по вкус на публиката.
Случувањата на културното лето Три круши продолжуваат. Веќе овој петок, на истата локација, со почеток во 20:30, целовечерен концерт ќе одржи КУД „Китка” од Драчево, а саботата е резервирана за Наум Петрески, со чиј концерт ќе биде затворено овогодинешното културно лето во општина Кисела Вода.Во рамки на културното лето „Три круши 2016“ кое ќе се одвива се до крајот на месецов, минатата недела во организација на општина Кисел

Пронајдете не на следниве мрежи: