Четири реченици што значат дека жената е лута!

Мажите се ужаснати од вакви ситуации, а ова се фразите од кои им се дига косата на главата: „Слободно излези со другари, што има врска“.Жените ретко го кажуваат точно она што го мислат, или барем не кажуваат се што мислат. Кога сме лути, нема да кажеме зошто сме лути, бидејќи тоа е наш пасивно-агресивен начин на кој намерно го нервираме дечкото. Момците ваквите ситуации ги вадат од такт, а ова се речениците од кои им се крева косата на главата.
„Ништо не ми е“: Класична реченица што значи се, освен дека навистина не е ништо. Дефинитивно постои проблем, но не сакаме самите да го кажеме: Сакаме дечкото да се потруди и да дознае точно што згрешил.
„Слобдоно излези си со другарите, што има врска?“: Излегувањата со другарите начелно не се проблем, но од време на време засметуваат. Кога им сметаат, последната работа што жените ја прават е да признаат дека тоа навистина им смета.

„Згодна ти е другаркава“: Љубомората е грда работа, но едноставно не можеме да ја спречиме. Кога жените гледаат дека нивното момче има згодна другарка не им е сеедно, но не им паѓа на памет да кажат дека е така.
„Нема врска, јас ќе го направам“: Мажите не сакаат караници, а ни жените не се одушевени кога тоа мора да го прават. Истото важи и за средувањето на станот, но она што се мора, не е тешко. Сепак, мажите често „забораваат“ да направат нешто или кажуваат дека ќе го направат подоцна. Жената што на тоа ќе каже: „Нема врска, јас ќе го направам тоа“ не е среќна жена. Лута е.Жените ретко го кажуваат точно она што го мислат, или барем не кажуваат се што мислат. Кога сме лути, нема да кажеме зошто сме лути, бидејќи тоа е

Пронајдете не на следниве мрежи: