ЧЕТИРИ ТАЈНИ ПРОРОШТВА ЗА КОИ НЕ СТЕ СЛУШНАЛЕ: Ќе ви се смрзне крвта!

Можеби ќе остане мистерија дали има вистина во овие морничави претскажувања на иднината, но во секој случај постои големо поклопување меѓу нив и реалноста.Можеби пророштвата на Нострадамус и Баба Ванѓа добија комерцијална намена. Но, постојат илјадници помалку познати предвидувања за кои досега не сте слушнале. Меѓу нив се овие четири кои би требало да ги знаете, посебно поради можноста за опасност и катастрофа во блиска иднина.
1. Пророштво на Хилдегард од Бинген
Родена е во 1098 година и својот живот му го посветила на Бога. Абес Хилдегард била калуѓерка во Бенедиктинскиот манастир. Компонирала, пишувала, се занимавала со филозофија и теолошки расправи. Имала визии за иднината кои започнале да ѝ се појавуваат кога била дете. Хилдегард го објавила нејзиното животно дело под името Скривиас, во кое се наоѓаат 26 од нејзините пророштва и визии. Според нив, не нѝ се пишува добро. Пред крајот на светот, Големото кралство, кое се наоѓа преку океанот и има многу народи и племиња, ќе настрада кога ќе се појави комета. Веројатно се работи за Америка. Исто така, многу други земји ќе бидат погодени од земјотреси, бури и поплави. Колониите ќе бидат преземени од „тигарот и змејот“ – онака како што денес се нарекуваат далекоисточните земји. Многу народи ќе гладуваат. Мирот во Европа ќе се воспостави кога Франција повторно ќе стане кралство.
2. Третата тајна на Богородица од Фатима
Приказната почнува во 1917 година кога во Португалија две девојчиња и едно момче лично ја виделе Дева Марија. Всушност, таа ги посетила неколку пати и им пренела три тајни за тоа што ќе се случи со нашата цивилизација. Двете тајни се објавени во документ од 1941 година од страна на едно од девојчињата. Но, само папата има клучеви од тајните документи во кои се наоѓа и третата тајна на Богородицата од Фатима. Првите две тајни се однесуваат на Пеколот, Првата и Втората светска војна. Ватикан го одложувал објавувањето на третата тајна 83 години, за во 2000 година конечно да го претстави текстот во јавноста кој наводно се однесува на обидот за убиство на папата Јован Павле Втори и прогонството на христијаните ширум светот. Но, многумина сметаат дека последниот лист од пророштвото останал скриен, односно дека текстот претставен на јавноста во 2000 година не е целосен. Постојат и докази за тоа. Кардиналите неколку пати рекле дека третата тајна е напишана на еден лист, а не на четирите објавени. Во третата тајна би требало да се наоѓаат информации за апокалипсата, сатаната и црквата. Тоа го нема во објавениот текст. Во текстот има и опис на Рим според кој сѐ е срушено и сите се мртви, а папата поминува преку сите нив, се качува на рид каде што го убиваат и него. Тоа некако не изгледа како атентатот на Јован Павле Втори. Ако тоа е навистина третата тајна, зошто после атентатот на папата чекале уште цели 20 години за да ја објават?
Дева Марија кога се јавувала во визии секогаш говорела дека сето тоа може да се одбегне ако човештвото се сврти кон љубовта, наместо кон омразата.
Клучна порака била дека неопходна е преобразба на Русија, дека руската црква ќе пропадне и дека Русија ќе го загрози целото човештво. Тоа било само неколку месеци пред Октомвриската револуција и се толкува како најава за тоталитаризмот на Сталин. Поради тоа, Јован Павле Втори давал напор да се стави крај на Студената војна и да се сруши империјата СССР. Богородица им рекла на децата дека нејзиното последно појавување ќе биде на 13. октомври во 1917 година. Спомнала дека тогаш ќе се случи и тн. „чудо на сонцето“. Тоа брзо се раширило и во Фатима се собрале околу 100.000 луѓе кои биле сведоци дека чудото навистина се случило. Сонцето прво се појавило од облак, потоа добило ореол од различни бои кои паѓале како виножито. На крајот се поместило кон хоризонтот. Сите тие 100.000 луѓе и десетици новинари тврделе дека ништо слично немале видено во животот.
3. Пророштво на Алоис Ирлмаиер
Алоис Ирлмаиер бил физички работник од Фрајсласинг во Баварија. Но, тој покрај физичката сила имал и други интересни способности. Знаел некои работи кои не би требало да ги знае и луѓето говореле дека е видовит. Според легендата, тој по Втората светска војна на многумина им помогнал да ги пронајдат нивните блиски. Поради популарноста која брза ја стекнал, завршил на суд со обвинение дека се занимава со вештерство. Судот го ослободил кога тој точно му опишал на судијата каква облека носела жена му дента и што точно правела. Алоис исто така го предвидел и денот на неговата смрт, но и некои други ситници. Тврдел дека ја видел Третата светска војна како на филм и истакнал дека таа ќе се води на Блискиот Исток и Медитеранот каде што ќе влезат во конфликт најголемите светски сили. „Војната ќе почне кога двајца мажи ќе убијат трета важна личност. Тие се платени за тоа. Убиството ќе се случи на Балканот. Пред војната, годината ќе биде многу плодна и богата. Војната ќе дојде без предупредување, преку ноќ. Гледам прашина. Гледам три броја. Две осмици и деветка. Не знам што значат тие и не ја знам датата, ниту времето кога тоа ќе се случи“ – тврдел Алоис.
4. Пророштво на Свети Нил од Синај
Свети Нил бил христијански монах од Синај. Живеел во 5. век и зад себе оставил мало пророштво. Никогаш не било докажано дека тој навистина го напишал, но сепак е интересно и добро е да се знае. Тој ги предвидел авионите, подморниците, телефонските врски, па дури и интернетот.
„Луѓето ќе најдат начин да разговараат од еден до друг крај на светот. По 1900. година и во 20. век, луѓето ќе станат непрепознатливи. Кога ќе биде време за доаѓањето на Антихристот, луѓето ќе бидат без чест и гордост. Светот ќе се промени. Нема да можеме да ги разликуваме мажите од жените поради бесрамното облекување и косата. Алчноста ќе владее. Луѓето ќе летаат како птици и ќе нуркаат на океанското дно. Но, кога ќе го постигнат сетот тоа, тие несреќни луѓе нема да знаат дека всушност му слугуваат на Антихристот…“ – гласи крајот на неговата порака. Можеби пророштвата на Нострадамус и Баба Ванѓа добија комерцијална намена. Но, постојат илјадници помалку познати предвидувања за кои досега не сте

Пронајдете не на следниве мрежи: