Четири типа на момци со кои не треба да одите ни на пијалок

Loading...

Понекогаш надворешниот изглед не кажува многу, па затоа погледнете под површината. Со овие момци препорачуваме да не одите ни на пијалок.
Адреналински зависник
Се прашувате како да му го подигнете адреналинот на овој тип на момче. Повикајте го на параглајдинг или некој друг екстремен спорт. Доколку сакате да полуди по вас, потребна ви е могу енергија за да го следите неговиот начин на живот.  Но, да ве предупредиме неговиот животен маратон не престанува. Мислите дека можете да постигнете? Можеби, но под услов да набавите падобран.
Мамин син
Што прво помислувате кога ќе видите ваков тип на момче? Конечноо!!!  Нормален, згоден, стои цврсто на земја и знае што сака, но… и тој има свои мали тајни: поминува повеќе време пред огледало отколку вие, а зад неговиот „кежуал“ изглед, всушност се крие комбинацијата која на неговата мајка најмногу и се допаѓа. Додека „лошите“ момци освојуваат девојки во клубовите, тој на страна го пие својот коктел и размислува како можеби и него некоја девојка ќе му пријде. Дечко, разбуди се !
Оперативец
Неговиот став говори повеќе од зборовите. Тој е  енергичен и брзо преминува од зборови на дела.Малку зборува а многу прави, па така и резултатите се забележуваат. Но, понекогаш ќе помислите дека има повеќе лица. На работа е работник на годината, дома убаво воспитан син, а во ноќните клубови Казанова. На прв поглед одличен плен. Но, се прашувате што на него му недостига?  Па, имајте во предвид дка имате работа со опасен играч, затоа внимателно. Не „паѓајте“ на неговоте трикови, во кои тој ќе проба да ве победи, едноставно  тој не знае да губи.
Зависник од работа
Овој дечко ретко ќе го видите без костум и вратоврска.  Не е чудно бидејќи неговиот живот се врти околу неговата канцеларија. Со поголемо задоволство го поминува времето на работа отколку во некој ноќен клуб. Запрашајте како ќе ви изгледа врската со него.  Па на големо разочарување, парите му се единствената љубов во неговиот живот. Вие секогаш ќе бидете на второ место во неговиот живот.
 Понекогаш надворешниот изглед не кажува многу, па затоа погледнете под површината. Со овие момци препорачуваме да не о

loading...