Четиридневно уживање во корејската традиција и култура!

Македонската публика ќе има несекојдневна шанса да ужива во корејската музика, кинематографија и фотографија за време на „Деновите на Корејската култура“ во Скопје, манифестација која ќе трае од 29 до 31 октомври, организирана од страна на Амбасадата на Република Кореја во Бугарија.На  29 октомври, првиот дел од програмата ќе се состои од корејска традиционална музика, на моменти и комбинирана со танц.
Првиот дел се состои од изведбата на „Bulsechul“ кој што креира традиционални, ритмички ноти и мелодии и ги преработува на уникатен начин, давајќи им нијанса на нов и модерен звук.
Вториот дел од концертот е одбележан со комичната невербална изведба на Нанта. Нанта е најпознатото шоу во Кореа, а исто така и многу познато во светски рамки.

„Bulsechul“ и „Нанта“ презентираат две многу различни лица на корејската култура, едното е филозофско, а другото динамично и интерсно за гледање.
На 30 и 31 октомври, во Кинотека на Македонија ќе се одржи „Корејска филмска одисеја”. Во текот на двата дена македонската публика ќе може да ги види некои од најгледаните современи корејски филмови.

На исто место и време, во Кинотеката луѓето ќе имаат шанса да бидат дел од изложбата на фотографии „Импресии Кореа”. Луѓето кои што ќе присутствуваат на филмскиот фестивал и изложбата на фотографии ќе имаат шанса да носат традиционални женски корејски костими и да се фотографираат во нив.

Интересно е тоа што низ неодоливата импровизација на традиционалните ритмички мелодии, „Bulsechul“ успешно го развива својот музички стил, надограден на уникатен начин, давајќи им нов и модерен звук, додека пак „Нанта“ е првото азиско шоу кое се појавило на Бродвеј.

Нивниот театар е отворен 365 дена во годината, а го имаат посетено над 1 милион странски посетители, а за време на светската турнеја, „Нанта“ до сега настапиле во 51 земја, 289 градови, привлекувајќи странска публика над 2 милиони.
Влезот за сите настани е бесплатен.
ФОТО: Николина Славковска
*Забрането преземање на содржината и фотографиите без претходен договор со редакцијата на Пулс24На  29 октомври, првиот дел од програмата ќе се состои од корејска традиционална музика, на моменти и комбинирана со танц.
Првиот дел

Пронајдете не на следниве мрежи: