Отворен е јавен повик за четиримесечни обуки за лицата со инвалидност. Глувите и наглуви лица и слепите и оние со оштетен вид ќе можат да се пријавуваат во центрите за вработување на АВРМ и да се пријават за проследување на обуки за побарувани занимања на пазарот на труд.Отворен е јавен повик за четиримесечни обуки за лицата со инвалидност. Глувите и наглуви лица и слепите и оние со оштетен вид ќе можат да се пријавуваат во центрите за вработување на АВРМ и да се пријават за проследување на обуки за побарувани занимања на пазарот на труд.
За лицата со оштетен вид и за слепите лица ќе се организира 4 месечна обука за масер терапевт, за ориентација и мобилност во простор, описменување на брајово писмо, додека за глувите и наглувите лица ќе се организираат обуки за аргон заварувач, водоинсталатер.
Заменик министерот за труд и социјалана политика Диме Спасов истакна дека Владата на Р. Македонија во континуитет превзема мерки за зголемување на бројот на вработувања кај лицата со инвалидност и токму во таа насока се и тие обуки кои сега се организираат.
-Денешната мерка е насочена кон подобрување и зголемување на вештините преку кои ќе стигнат до работа лицата со инвалидност, лицата со оштетен вид и слепите лица и лицата кои што се глуви и наглуви. Станува збор за обуки кои ќе се реализираат заедно со средните стручни училишта кои што веќе сертифицираа обуки за лица со инвалидност, рече Спасов.
Обуките ќе траат 4 месеци од кои што три месечни обуки и едно месечна пракса во реални работни услови. Центрите за обука ќе добијат финансиски надоместок во висина од 30.000 денари за реализација на обуките, додека лицата со инвалидност ќе добијат околу 8.000 денари за надоместување на трошоците за храна, превоз и осигурување во случај на несреќа при работа.
– Ова се првите обуки и со нив започнува процесот на поголема интеграција на лицата со инвалидност за зголемување на нивните вештини и на нивно работно оспособување. Во наредниот период ќе работиме на сертифицирање на вакви повеќемесечни обуки со кои што лицата со инвалидност ќе се стекнат со вештини што се побарувани на пазарот на труд и ќе можат полесно да дојдат до посакуваното работно место, истакна Спасов.Отворен е јавен повик за четиримесечни обуки за лицата со инвалидност. Глувите и наглуви лица и слепите и оние со оштетен вид ќе можат да се пријав