Четворица ранети во пукање на карневал во САД

Непознат напаѓач отворил оган за време на традиционалниот карневал „Марди Гра“ во Њу Орлеанс, при што се ранети четири лица, јавува Assocaited Press повикувајќи се податоци од полициски извори.Двајца мажи и две жени се повредени во инцидентот, кој се случи на преполната авенија Бурбон, по којашто секоја година минува карневалската поворка. Состојбата на еден од ранетите се оценува како критична.Веднаш што се слушнале истрелите учесниците на карневалот ги зафатила паника. Поворката по авенијата била сопрена, а полициските сили го блокирале местото на инцидентот. Полицијата трага по напаѓачот и сѐ уште нема објаснување за мотивите за нападот.Сличен инцидент се одигра на 20-ти јануари во градот Џексон, во сојузната американска држава Мисисипи за време на парадата во чест на борецот за правата на афроамериканците Мартин Лутер Кинг, при што загина едно лице.Сѐ почестите инциденти во САД во кои се употребува огнено оружје на јавни места и во  училиштата предизвика широка јавна расправа, при што американскиот претседател Барак Обама го повика Конгресот да се разработи прописи со кои ќе се донесат построги правила за продажба и поседување оружје.
МакфаксНепознат напаѓач отворил оган за време на традиционалниот карневал „Марди Гра“ во Њу Орлеанс, при што се ранети четири лица, јаву

Пронајдете не на следниве мрежи: