„Четвртиот Рајх е тука“ – без ниеден испукан куршум!

Му се допаѓало тоа на некого или не, Германија стана економски владетел со Европа и наскоро целосно ќе ја игра улогата на клучен фактор на континентот.Германија веќе со години е главен доставувач низ цела Европа, на разновидна роба, трудејќи се сѐ повеќе да ги надмине САД и Кина на европскиот пазар. Германија веќе неколку години се труди да ги вовлече новите земји на својот пазар и да привлече нови држави во зоната на еврото.
Евроскептиците тоа веќе одамна го нарекоа „Четврт германски Рајх“ кои за разлика од претходните германски држави кои се обидувале исто така да надвладеат во двете светски војни, и да направат оружје, овој пат Германија тоа го направи тоа без да пролее крв и пари…
Експертите со години анализираат како се однесуваат новите членки на Унијата, кои во суштина, не можеле да донесат никаков подобро за ЕУ, но сепак се примени во неа. Дошле до заклучок дека сето тоа  е резултат на желбата на Евросојузот да се прошири пазарот, а со самото тоа и политичкото влијание.
Одамна е познато дека ЕУ потпишуваше економски договори со сиромашните членки на поранешниот СССР, иако им беше целосно јасно дека тие целосно ќе влијаат на општата економса состојба.
Судејќи по бројката на евроскептиците и нивното зголемување само во Велика Британија и Франција, невозможно е да се заклучи дека таквите земји виделе било каква перспектива за зголемување на пазарот во овие „изгубени“ земји. Поради тоа, повеќе од очигледно дека тоа го користеше само Германија: во моментот кога нејзиниот традиционален пазар почна да исчезнува  – особено Португалија, Шпанија и Грција, земји во кои значително почна да опаѓа побарувачката на германската роба.
Веќе е јасно дека сите европски земји кои ја преживеаа економската криза – ја преживеаа благодарение на политиката на Ангела Меркел. И тоа никого не го чуди. Зад нас стои најлошата економска криза во последно врее во Европа.
Кога најлошото мина, се покажа како да Грција целосно исчезна од картата на европазарот. Тогаш на некој во Германија му падна на памет да ја исфрли Грција од плеќите на Евросујозот. Тој момент сепак мина, а на Грција ѝ дадоа „лесни“ кредити со кои ја претворија земјата во доживотен должник, а потоа истото сценарио го применија и на останатите земји Шпанија, Португалија, Кипар.
Сценариото не предвидува само враќање на долговите, туку и меѓу останатото, избор на добивање и разноразни испораки и договори, кои ги одредува кредиторот. Со други зборови зборот на Брисел кој нормално ги дава кредитите,во суштина тоа е СР Германија кој е најголемиот кредитор во ЕУ!
Економската криза во ЕУ само покажа и докажа дека Сојузот не е сојуз на најпросперитетните и најстабилни земји во Европа, туку поле за поробување на слабите од страна на моќните земји!
Токму затоа, не треба да изненадува дека методот со планско зголемување на бранот на бегалци и нивно доаѓање во Германија, како и желбата на Велика Британија да излезе од ЕУ, се ситуации кои треба со претпазливост да се набљудуваат. Посебно поради фактот што овие две земји се столбот на Унијата.Германија веќе со години е главен доставувач низ цела Европа, на разновидна роба, трудејќи се сѐ повеќе да ги надмине САД и Кина на европскиот паза

Пронајдете не на следниве мрежи: