ЦИА ОБЈАВУВА ДОКУМЕНТИ ЗА ЕГЕЈСКОТО ПРАШАЊЕ: Диктаторот Тито буквално тргувал со Македонија и Македонците и ја поделил Македонија!
Меѓу големиот број на документи кои се однесуваат на Македонија, а се од архивата на Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА), се наоѓаат и докази за тоа дека Јосип Броз Тито е всушност главниот виновник за поделбата на Македонија.
Имено, Тито некаде до 1952 година има интерес Македонија да ја прошири кон Бугарија и Грција, но по силно влијание, како што се објаснува во документите на ЦИА, тој решил да го затвори Македонското прашање за Егејска Македонија преку тоа што ќе им дозволил на Грците да ја заземат таа територија, а заедно со помош на западните сили, народот да биде асимилиран или етнички прочистен. Тито се согласил на ваков план, имајќи во предвид дека тој имал интерес во силна соработка со ЦИА.
Излажани и изманипулирани, тогашните активисти на ВМРО решиле дека треба да преземат акција против диктатоторот, па започнале со повеќе дејности кои ја промовирале нивната идеологија за обединета Македонија. Одговорот на Тито по 1952 година против формирањето на движењето за обединета и самостојна Македонија пристигнал преку интензивното следење на дејците на ВМРО од страна на УДБА, репресија, апсење и необјаснети убиства на сите оние кои работеле на оваа идеја.
Меѓу многумината, во документите на ЦИА се објаснува и начинот на кој бил затваран Панко Брашнаров, како Павел Шатев еден од најголемите дејци на ВМРО починал во затвор, како исчезнал Бане Андреев, убиството на струмичките студенти и многу повеќе.
Пронајдете не на следниве мрежи: