ЦИА со шокантна информација за Хрватска

Централната разузнавачка агенција (ЦИА) откри шокантни информации поврзани со Хрватска. Поранешниот хрватски претседател Фрањо Туѓман бил подготвен да го бомбардира Белград за време на акцијата „Бура“, во случај тогашната Југословенска армија да тргнела во помош на Србите од Краина, објавено е во еден од 300-те неодамна обелоденети документи на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА). 
Оваа вест ја објави загребскиот весник  „Јутарњи лист“ кој пишува дека во врска со тоа припадниците на специјалниот одред на ЦИА за Балканот го информирале седиштето во Вашингтон на 21 јули 1995 година.
Исто така, меѓу 300 документи за војната во БиХ, отстранета ознаката „доверливо“ и на десетина страници многу детално е опишана тогашната ситуација во Хрватска. 

 

„Нивниот заклучок е јасен – Хрватска ќе тргне во напад на Србите од Краина“, пишува во еден од тие документи, додавајќи дека американските оперативци згрешиле во проценката кога ќе се случи нападот, односно дека еден месец пред воената акција „Бура“ тие ги информирале своите шефови дека хрватската офанзива ќе се случи дури на есен истата година.
Разгледувајќи ја можната реакција на Белград на офанзивата на хрватската војска, разузнавачите на ЦИА процениле дека тогашниот претседател на СРЈ, Слободан Милошевиќ во одбрана на самопрогласената Република Српска Краина би можел да испрати околу 22.000 војници и 700 тенкови и тешко вооружување.
Високи хрватски претставници ги увериле разузнавачите на ЦИА дека во тој случај Загреб сигурно ќе одговорел со бомбардирање на Белград.Поранешниот хрватски претседател Фрањо Туѓман бил подготвен да го бомбардира Белград за време на акцијата „Бура“, во случај тогашната Ј

Пронајдете не на следниве мрежи: