Милошевиќ се обидел да им препушти на другите лидери (во Србија) да преговараат со Хрватска, Сајрус Венс дошол до заклучок дека би можеле да го придобијат Ќосиќ и да го „заобиколат“ Милошевиќ, се наведува во тајните записи.Американската Централна разузнавачка агенција(ЦИА), тврди во еден од 300 објавени документи од кои е тргната ознаката на доверливост, дека бившиот претседател на СР Југославија Добриќ Ќосиќ (во 1992) го издал тогашниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ поради што тој наводно го тргнал од власт.
Во документот на ЦИА од 6.февруари 1995 година се наведува дека во текот на расправата како да се преговара со Србија за да ја признае независноста на Хрватска, челниците на америчката администрација се присетиле на инцидентот од 1992 година.
„Милошевиќ се обидел преговорите со Хрватска да им ги препушти на другите лидери во Србија, што го довело Сајрус Венс до заклучок дека би можеле да го придобијат Ќосиќ, да го „заобиколи“ Милошевиќ, кој што ова „предавничко однесување“ го искористил да го тргне Ќосиќ од власт во, за него, погодно време“ стои во документите кои ги пренесуваат бањалучките весници.
Од споменатите документи произлегува дека, после потпишувањето на Дејтонскиот договор, САД на тогашниот претседател на БиХ Алија Изетбеговиќ му дале шанса да покаже, преку позитивен „третман“ на Србите од Сараево дека тој е за мултиетничка Босна, но тој не ја искористил.
Се потсетува и на тоа дека една од главните причини за отворената поддршка за Бошњаците, од страна на администрацијата на претседателот Бил Клинтон, според нивното мислење, е тоа што Србите сакаат голема Србија, Хрватите голема Хрватска, а само Бошњаците за мултиетничка и неподелена Босна. Во документ од 7 декември 1995 се зборува за посетата на главниот преговарач Ричард Холбрук на Алија Изетбеговиќ, поради загриженоста на САД од опасноста за масовен егзодус на Србите од сараевските општини, кои според Дејтонскиот договор, треба да припаднат на Федерацијата БиХ.
Во документот пишува: „Мисијата на Холбрук ќе биде да ги охрабри Босанците (муслимани) да веднаш преземат конкретни чекори со кои би гарантирале безбедност на српското население, кога тие територии ќе дојдат под федерална контрола“.
Како што се наведува во документот конкретните мерки кои Холбрук ќе ги предложи се: одложување на влезот на федералните сили на српските подрачја во траење од 90 дена, засилено пристуство на силите на IFOR, постепено воспоставување на муслиманска полиција под меѓународен надзор, која би имала мултиетнички состав, формирање на привремени транзициони градски власти и воспоставување на комисии за човечки права.
„Иако овие чекори, сами по себе, нема да бидат доволни да ги охрабрат Србите да не го напуштаат главниот град, веруваме дека ова е важна прилика за Изетбеговиќ кој во пракса би докажал дека е за зачувување на единствена мултиетничка БиХ“, се наведува во документот. Сепак кон крајот на следната година, во анализата за тоа што е сторено по ова прашање во документ од 27 октомври 1996 се нагласува дека до тоа не е дојдено. „На муслиманските лидери на Запад се гледа како на единствена група во БиХ која сака да го обнови мултиетничкото друштво, но тие немаат направено ништо за охрабрување на десетина илјади сараевски Срби, да не ги напуштаат предградијата, во почетокот на оваа година“, се истакнува понатаму во истиот документ.
Во документ од 29 декември 1995 година се укажува дека српските претставници се обиделе да ја променат ситуацијата во која тие подрачја би останале под српска контрола. „Српските цивилни власти во Сараево, се обидуваат да ја одложат имплементацијата на овие одредби или повторно на отпочнат преговори за останатите обврски од Дејтонскиот договор“.
Американската администрација, според предлогот на Стејт Департментот, припремила различни мерки во случај да Бошњаците или Србите го одбијат планот на контакт групата, според кој 49% од територијата ќе припадне на Србите, а 51 на Федерацијата, пишува во документ од 13 јуни 1994. „Ако Србите прифатат, а муслиманите одбијат, според документот ќе ги разгледаме различните нивоа на олеснување на санкциите (спрема Србите) во зависност од тоа колку Срби ќе се повлечат на нивните 49% територија. Ако муслиманите го прифатат документот од Стејт Департментот, се предвидуваат бројни опции за присилување на Србите на соработка, вклучувајќи укинување на ембаргото за оружје на Бошњаците и различни водзушни удари на српските мети“.
Освен овој, предложен е и план на Советот за национална безбедност, кој исто така не предвидува санкции за Бошњаците. Во документите на ЦИА кои пред јавноста беа претставени од Фондацијата на Бил Клинтон се наведува дека Хрватска, била сконцентрирана на проширување на хрватските територии во БиХ и на својата контрола со спречување на создавање силна босанска држава. „Хрватското Министерство за надворешни работи наведува дека Хрватска треба да помогне при одржување на БиХ како „тампон зона“ помеѓу неа и Србија, затоа што муслиманска држава во БиХ во рамките на постоечките граници не е можна“, пренесуваат медиуми од Бања Лука.
Американската Централна разузнавачка агенција(ЦИА), тврди во еден од 300 објавени документи од кои е тргната ознаката на доверливост, дека бившиот