Атлетико Мадрид го идентификуваше напаѓачот на Манчестер Јунајтед како идеална замена за Радамел Фалкао, кој наскоро би можел да го напушти тимот.
Спремајќи се за наредната сезона кога веќе извесно е дека ќе остане без својот најдобар играч, Атлетико Мадрид наводно веќе најде идеална замена за колумбискиот напаѓач од редовите на Манчестер Јунајтед.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Атлетико е сериозно заинтересиран да во своите редови го доведе фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хавиер Ернандез, популарниот Чикарито.
Со оглед на тоа што со сите сили се борат да го задржат својот најдобар фудбалер во своите редови, кога Фалкао би бирал меѓу Челзи, Сити и Париз Сент Жермен, Атлетико Мадрид уште сега го спрема „понатамошниот живот“ по Фалкао.
Со самото тоа, челниците на Атлетико спремаат понуда вредна 15 милиони фунти за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, кого Алекс Фергусон не сака да го пушти се до крајот на сезоната.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Атлетико Мадрид го идентификуваше напаѓачот на Манчестер Јунајтед како идеална замена за Радамел Фалкао, к