Цикарски: Имаме сили и мотиви да ги израдуваме нашите навивачи

Фудбалерот на македонскиот шампион Вардар, Мите Цикарски, доста самоуверен пред настапот на Вардар во квалификациите за Лигата на Шампионите, тој смета дека тимот на Вардар има сили и мотиви да го даде најдоброто од себе.
„Никој не може и не смее да го потцени Вардар. Минатата сезона против БАТЕ кој потоа имаше одлична европска сезона, покажавме дека може да играме и да бидеме подобри од секој противник во оваа фаза од натпреварите во Европа. Зошто да не се надигруваме сега со Стеауа, која е фаворит, но ние имаме доволно сили и мотиви да го дадеме најдоброто од себе и уште еднаш да ги израдуваме нашите навивачи“ изјави Цикарски за официјалниот сајт на Вардар.
Цикарски вели дека Вардар минува низ одлични подготовки во Златибор и се работи максимално ангажирано пред двомечот со романска Стеауа.
Фото/Извор: fkvardar.mkФудбалерот на македонскиот шампион Вардар, Мите Цикарски, доста самоуверен пред настапот на Вардар во квалификациите з

Пронајдете не на следниве мрежи: