Циклонот кој доаѓа од Медитеранот може да донесе ново невреме во земјава, предупредуваат од УХМР.Денеска попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и постудена воздушна маса од северозапад, како и висински циклон, што ќе предизвика во текот на работната недела времето да биде променливо, во некои денови и претежно облачно, свежо и ветровито.
Во поголем дел од Македонија, особено во планинските подрачја попладнево има нестабилна облачност, на места проследена со пороен дожд и грмежи, а во Скопската Котлина дува засилен северен ветер, на моменти со брзина и до 75 км/час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладнево ќе се задржи нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси ќе има во вечерните и ноќните часови, кога се очекуваат пообилни врнежи од дожд (и над 30 л/м2), а на места ќе има и појава на невреме со електрични празнења, силен ветер и град.
И во Скопската Котлина особено во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.
Во следните денови ќе има повторно обилни врнежи од дожд наместа проследени со ретки грмежи и со засилен северен ветер.
На повеќе места врнежите ќе бидат обилни.
Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Денеска не излегувајте од дома ако немате потреба за тоа.Денеска попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и постудена воздушна маса од северозапад, како и висински циклон, што ќе предиз