Чипка за секоја прилика – колумна на Александра Алекс Грујиќ

Дојдете со мене на едно фантастично модно патување. Ќе ве воведам во една многу интересна приказна, случувања и совети. Денешната тема за која ќе разговараме чипката.
Ќе ве воведам во историјата на чипката во неколку реченици. Всушност чипката е име за провидна ткаенина или рачна работа за која се користи памук, свила, лен или волна. Чипките се изработуваат со плетење, закачување, врзување, шиење или ткаење.
Иако артефактите на чипката можат уште да се најдат во древните старо египетски гробници,  почетокот на чипкарството односно изработката на чипки, традиционално е поставена во 15 век, во Фландрија и Италија. Од тогаш чипката, како дел од облеката на повисоката класа или како луксузен предмет почна да се шири низ Европа. Со текот на времето, многу земји развија свои традиции и модели на чипка.
Во сегашно време, иако одржува луксузен и гламурозен изглед, чипката е достапна за секој без оглед на нивната финансиска стабилност. Сепак, нејзиниот квалитет и денес се разликува што како резултат има и разлика во цените.
– Традиционално чипката се користела како облека за вечерни и свечени прилики. Фустаните можат да бидат изработени од чипка во целост, или пак да имаат само по некој детаљ од чипка. Порано чипкта била и составен дел на ладалките и шеширите кои ги носеле дамите.
– Денес чипката во голема мера стана и дел од дневната гардероба, па така можеме многу често да видиме девојки кои носат преубави чипкасти фустани и кошули. Најнов тренд се и чипкастите чизми. Чипката за дневна варијанта освен стандардната црна и бела, се појавуваат и во светли, како и пастелни бои.
– Сензуалноста која ја поседува чипката на фантастичен начин е применета во дизајнирање на женската долна облека. Со сатен и свила чипката е неизоставен дел од долната облека. Кога е во прашање долната облека најмногу се застапени црна, бела, црвена и златна боја. Иако во помала мера се застапени и многу други бои.
– Токму таа сензуалност на чипкастата долна облека се пренесе и на женските костуми за капење. Чипките во светли и ведри бои ги красат бикините на многу девојки. Пропратен моден детаљ кој го дополнува изгледот за на плажа е чипкастата тукника или марама.
– Како што можете да видите, чипката има многу широка примена. Се популарни се и чипкастите аксесоари: ракавици, чанти, шноли за коса, како и капи и шешири.
На линковите подолу можете да прочитате:
Топ 5 парфеми, кои секоја жена мора да ги има
Како да носите црвен кармин за усни
Моден тренд за лето 2013Дојдете со мене на едно фантастично модно патување. Ќе ве воведам во една многу интересна приказна, случувања и совети

Пронајдете не на следниве мрежи: