Читајте ги ЕТИКЕТИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ за да знаете што јадете

Можете ли да се сетите кога последен пат сте ја прочитале декларацијата на етикетата на некој производ во продавница? Или кога сте прокоментирале дека во некоја декларација сте нашле неверојатно многу податоци за производот. Попрво ќе си речеме: „Ова е млеко, што може плус да има во него“, отколку да го прочитаме составот на пакувањето. А тие што читаат, честопати ќе се измачат да ги состават ситните букви на декларацијата, па откако ќе ги состават, можат ли вистински да ги протолкуваат Е-621, Е-920… Но што значат тие, има ли опасни елементи меѓу нив?Експертите од Харвардовата школа за јавно здравје се недвосмислени дека производителите на храна на секој производ мора да имаат етикета со декларација за производот, на која треба да ги наведат, јасно и читливо, сите карактеристики за конкретниот производ – од датумот на производство и рокот на траење, преку начинот на негова изработка, калории, па сѐ до комплетниот состав на основните суровини, додатоци, киселини, соли, згуснувачи… во грамови и проценти. И сето тоа без да се пропушти ниеден детал, ниедна бројка и ниедна напомена.
Но, рака на срце, не сите се придржуваат до овие строги правила. Најмногу од оние штоне се придржуваат на пропишаното, и за тоа се казнувани, од незнаење или намерно не ги наведуваат сите адитиви, конзерванси, емулгатори, згуснувачи, киселини, засилувачи на вкусот, вештачки бои…Многу од тие додатоци во храната можат да бидат штетни, од најмали размери, па сè до ризик од алергии и тешки заболувања.
И САД и ЕУ со потврда на важноста на етикетите на производите
Американското министерство за земјоделство, кое е најрелевантно кога се работи за етикетирање на составот на пакуваните производи, има објавено стотици програми штослужат како водичи низ етикетите и декларациите на производите. И Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА), како агенција на ЕУ, не попушта од ставот дека потрошувачите имаат право на точни и доверливи информации на етикетите за прехранбените производи што треба да им помогнат да направат здрав избор.
Според правилата на Европската комисија, односно регулативата на CodexAlimentariusCommission, сите состојки мора да се наведат на етикетите на производите, дури и ако се застапени во многу мали количини.

 
 Водич за читање на етикетите

Најчесто состојките на етикетата се напишани од најзастапените до најмалку застапените, што не значи дека оние на крајот се и најмалку опасни. Детално проверете ги колку се здрави за вас и запомнете дека наведените количини се по порција.
Масти-Според УСДА, важно е и какви масти внесуваме, а не само колку масти внесуваме. Затоа во графата за масти на етикетата (fats) внимателно видете какви и колку масти има производот. Најнездрави се трансмастите (можат да предизвикаат срцеви заболувања, некои видови рак и дијабетес) и можатда бидат означени и како „делумно хидрогенизирани“.
Калории– Во делот за енергетската вредност (kcal) на производот се наоѓа информацијата за калориите. Општоприфатено е правилото – помалку калории за поздрава телесна тежина.
Шеќер–Што помалку шеќер, толку подобро. И избегнувајте високофруктозен шеќер од пченка. Шеќерот од шеќерна репка, концентратите на овошен шеќер и пченкарниот шеќер се само неколку форми на шеќер што можат да се најдат во прехранбените производи.
Влакна–Јадењето храна богата со влакна гирегулира варењето на храната и нивото на шеќер во крвта. За жените се препорачува да внесуваат 35 грама влакна на ден, а за мажите – 38 грама на ден.
Натриум–Тој може да влијае на крвниот притисок, а го има во секој пакуван продукт. Препораките на американската ФДА се да не се внесуваат повеќе од 2.400 милиграми на ден, а нутриционистите велат  да не се внесуваат  повеќе од 1.500.
Покрај овие назнаки, на етикетите можат да се најдат и дополнителни поими.
„Со намалено количество масти“ –Производот има барем 25 проценти помалку масти од полномасната варијанта.
„Без масти“ значи дека производот има помалку од 0,5 грама по порција.
„Со низок холестерол“ значи дека производот има 20 мг или помалку, односно 2 грама или помалку заситени масти, што не значи дека е со ниско количество масти.
„Зајакната храна“ – Кога една состојка е додадена во храната, што инаку природно не сесодржи, а тоа најчесто е јодираната сол за да се спречи недоволниотвнес на јод преку храната.
„Збогатено“ означува дека некои нутритивни состојки се извадени од храната, па повторно седодадени за да се продолжи рокот на траење.
„Лајт“ значи дека производот содржи третина од калориите или помалку од половина масти споредено со полномасната варијанта на производот, или помалку од половина натриум споредено со истиот производшто не е лајт. Лајт производите имаат адитиви штоможат да направат грчеви во стомакот или пролив.
„Без додаден шеќер“ не значи дека нема шеќери, бидејќи производите природно можат да содржат шеќери.
„Без шеќер“ значи дека производот содржи максимум 0,5 грама шеќери по оброк. Но тоа не значи дека не треба да проверите да не има вештачки засладувачи, како аспартам и сукралоза или спленда, кои не се најдобри за здравјето.
„Без додадена сол“ значи дека не е додадена сол, но не значи и дека нема додаден натриум од други извори или дека производот природно не е богат со натриум.
„Произведено со органски состојки“ –Ова не значи дека целиот производ е органски, туку дека барем 70% проценти од состојките се со органско потекло.
„Органски“ –И оваа ознака не значи 100% органски состојки, туку барем 95%.
„100% органско“ значи дека е тоа највисока форма на органски производи штоцелосно е органски произведен.

Група 6 за посебно внимание
Кога ги читате етикетите, проверете дали ги има следниве состојки и избегнувајте ги.
Трансмасти: Најчесто се создаваат при хидрогенизација на полинезаситените масни киселини (претворање на зеленчуковите масла во маргарин). Овие состојки ги има во питите, колачите, брзата и пржена храна. Несаканите ефекти од нив можат да бидат срцевите заболувања, лошиот холестерол, а честото внесување може да го зголеми ризикот од рак. 
Високо фруктозен сируп: Го има во пијалаците, житарките и преработената храна. Тој има улога на засладувач и може да предизвика дебелеење, кардиоваскуларни заболувања, диабетес и замастен црн дроб.
Потасиум бромат (Е924): Овој конзерванс го има во печената храна како згуснувач на тестото и може да предизвика рак.
MSG (мононатриумглутамат): Овие состојки се збогатувачи на вкусот, може да ги има во преработеното месо, во рибата, сосовите, супите и чипсовите, а можатда влијаат на зголемувањето на крвниот притисок.
Титаниум диоксид (Е171):  Оваа состојка е вештачки обојувач и може да предизвика канцер и синдром на жолти нокти.
Вештачки бои за храна: Има девет видови на синтетички вештачки бои на храна штонајчесто ги има во пијалаците и слатките. Некои од нив предизвикуваат несакани ефекти, како на пример,хиперактивност кај децата (тартазинот Е102).Експертите од Харвардовата школа за јавно здравје се недвосмислени дека производителите на храна на секој производ мора да имаат етикета со деклара

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.