Толку силни емоции на едно место може да смести само жена со чисто срце и голема душа. Ана Балинт го заслужува местото покрај Ана Каренина.За вас, издвојуваме неколку цитати од Рингишпилот кој се врти и враќа во спомените со сите свои бои и шари на виножитото, а се врти и понатаму во спомените…
„Само жената што сака може да ја препознае страста на мажот упатена кон друга жена.“
„Ана ја научи својата прва животна лекција: страдањето на некој чуден, малку морбиден начин, го облагородува човекот. Всушност, го тера, налик Феникс повторно да се раѓа од пепелта.“
„Не сум кукавица, но не сум ни мазохист.“
„Открив нови мориња дури откога се здобив со доволно храброст да го загубам од вид брегот.“
„На животот треба да му се предадеш, да земеш од него сè што ти нуди и да трошиш без штедење. Во спротивно, тој ќе ти земе сè!“
„ -Но би требало малку повеќе да се потрудиш Ана. Мораш да собереш сила…
-Сила за што, Слободане? За умирање? За тоа не ми треба сила. Сета своја сила сум ја исцрпила за животот. Смртта е ништо. Животот е сè! Храброст е да се живее. За тоа е потребна силата, а не за умирањето.“
За вас, издвојуваме неколку цитати од Рингишпилот кој се врти и враќа во спомените со сите свои бои и шари на виножитото, а се врти и понатаму во с