Citroën C4 Cactus и 111 ваучери од по 11.000 денари во наградната игра на „Рамстор“

Уште од основањето визијата на Рамстор остана иста; да креираат и да задржат среќни и задоволни потрошувачи, а тоа настојување го демонстрираат и со организација на новата наградната игра „11-ти роденден на Рамстор!“, што е само уште еден од начините Рамстор да ја искаже својата благодарност кон потрошувачите за овие 11 години.Рамстор маркетите постојано работат на унапредување на разбирањето на потребите на модерното живеење, инвестираат во оперативна инфраструктура и во нови маркети поблиску до потрошувачите, кои ќе им обезбедат најдобри услови за пазарување, во опкужување на услужливи и мотивирани вработени и со понуда која ќе им го подобри квалитетот на животот ним и на нивните најмили. Следејќи ги позитивните трендови во малопродажбата и ослушнувајќи ги потребите и очекувањата на локалните потрошувачи, Рамстор маркетите го развиваа своето работење со одговорен пристап кон потрошувачите, кон локалната заедница и кон животната средина.
„Односите со потрошувачите за нас се долгорочен деловен императив и се од клучна важност за успехот на Рамстор . Темелите на оваа одлука се вградени во вредностите на нашата компанија, а тоа се грижата, тимската работа и постојаното подобрување на нашите вработени, обезбедувајќи можности нашата услуга да напредува и да носи корист за нашите потрошувачи. Од тие причини преку креирање на наградната игра „11-ти роденден на Рамстор!“ сакавме да ја искажеме нашата благодарност кон нив и да ги наградиме, да ги забавуваме и да им овозможиме дополнителна вредност за нивните пари“ – Мурат Јуксел, Маркетинг директор на Рамстор во Македонија.
11 години Рамстор маркетите за потрошувачите  се првиот избор, за вработените посакуван работодавец, а за деловните субјекти и добавувачите доверлив партнер и општествено одговорна компанија.
„Ги повикувам сите потрошувачи да учествуваат во наградната игра и да ги чуваат своите фискални сметки. Можеби токму тие ќе бидат среќните добитници на возбудливиот Citroën C4 Cactus или на еден од 111 ваучери од по 11.000 денари“ – додава Јуксел.
Наградната игра „11-ти роденден на Рамстор!“ е во тек и трае до 14 декември оваа година, а сите полнолетни потрошувачи што ќе направат сметка над 1.000 денари имаат право на учество во наградната игра.
Рамстор маркетите се детерминирани на потрошувачите да им обезбедат највисоки услови, внимавајќи на важните фактори што ја обединуваат целината во едно единствено чувство при пазарувањето.
За повеќе информации околу наградната игра и правилата, посетете ја веб-страницата:
https://ramstore.com.mk/?p=2056
 Рамстор маркетите постојано работат на унапредување на разбирањето на потребите на м

Пронајдете не на следниве мрежи: