Член на изборна комисија во Градец гласал во име на старица против нејзина волја

На 28.10.2017 околу 09:00 часот пријавено е дека во село Градец во семејната куќа на Ј.Ш. дошло до злоупотреба на избирачко право, информираат од МВР.Злоупотребата се случила на тој начин што откако два члена од општинска изборна комисија Врапчиште дошле во наведената куќа со цел изнемоштеното лице Ѓ.Ш., да оствари право на глас и двајцата и зеле отисоци од прстот во регистарот на гласачи, а едниот од нив заокружил реден број на една политичка партија спротивно на волјата на гласачот.

Од страна на нејзината снаа било побарано од членовите на изборната комисија да и се даде  друго ливче на  нејзината свекрва со цел сама да си го оствари правото  на глас, на што истите и кажале дека нејзиното гласачко ливче ќе го направат неважечко и не и  дале друго ливче односно и го оневозможиле правото да гласа, информираат од МВР.

При тоа  гласачко ливче го ставиле во плико и си заминале, иако од пријавителката им било укажано дека ќе бидат пријавени во полиција. Пријавителката посочила дека двете лица се од с.Градец.
За време на целиот настан во дневната соба била и ќерката на пријавителката која изјавила дека не видела ништо. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.Злоупотребата се случила на тој начин што откако два члена од општинска изборна комисија Врапчиште дошле во наведената куќа со цел изнемоштеното ли

Пронајдете не на следниве мрежи: