Членовите на СДСМ со поддршка за двојазичноста на Заев

Идејата за двојазичноста Зоран Зев веќе подолго време ја најавува во своите јавни настапи. Не само што ја најавува, туку во последниве недели ја спроведе на дело. Скопски Чаир го доби и првиот двојазичен штаб на СДСМ, а партијата своите партиски соопштенија ги пишува и праќа и на албански јазик.Посетеноста на денешниот марш наиде на слаб одѕив токму поради антимакедонските ставови на Заев за идејата на двојазичност на цела територија.
Па по правилото, каков лидер- такви следбеници, членовите и симпатизерите на СДСМ немаат ништо против воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.
Од лицата кои денеска ги анкетиравме, а кои беа дел од маршот предводен од СДСМ/Сорос, сите ни одговорија дека сакаат и дека немаат ништо против двојазичност во Македонија.
-Нема ништо на одмет секој да си го познава јазикот од другата националност.
-Најдобро е да се направи некој експеримент, да се види што ефект ќе има па после ако треба да се прошири.
-Зошто да не.
-Ја одобрувам, немам ништо против.
-Мислам дека секој може да учи,  на никој нема да му пречи ако знае некој јазик повеќе.
-Јас мислам дека сите луѓе кои што живеат во оваа држава треба да бидат рамноправни. Тука се родиле тука учеле, тука живеат и не треба ние да се делиме по тоа кои јазици ги зборува. Треба да има школи, институции на секој јазик. Значи треба да постои двојазичност.
 Посетеноста на денешниот марш наиде на слаб одѕив токму поради антимакедонските ставови на Заев за идејата на двојазичност на цела територија.

Пронајдете не на следниве мрежи: