Coca Cola објави раст на добивката за 13 отсто

Добивката на компанијата Coca Cola во четвртиот квартал од минатата година порасна за 13 отсто и достигна близу 1,9 милијарди долари, соопшти во вторникот најголемиот светски производител на безалкохолни пијалаци.

Во целиот свет се бележи зголемување на побарувачката на соковите и на водата на Coca Cola, освен во Европа, каде има пад на приходите и на продажбата.Вкупните приходи на компанијата во последниот квартал од 2012 година се зголемиле за 3,8 отсто, на речиси 11,5 милијарди долари.За цела 2012 година, Coca Cola остварила добивка од околу девет милијарди долари, што е за пет отсто повеќе во споредба со 2011 година.
Макфакс
Добивката на компанијата Coca Cola во четвртиот квартал од минатата година порасна за 13 отсто и достигна близу 1,9 милијар

Пронајдете не на следниве мрежи: