Четвртото издание на Codefest претставува една развиена форма на она што досега ни е познато како програмерски маратон за младите ИТ ентузијасти, кои имаат можност да развиваат свои идеи во рок од маратонски 32 часа. Оваа година настанот ги обединува и поврзува сите страни на ИТ заедницата, не само студентите, средношколците и ИТ професионалците, туку и ИТ бизнис секторот, образовниот сектор, стартапите и инвестициските фондови. Настанот е најавен за 15-17 април оваа година во хотелот Инекс Горица во Охрид.Оваа година Codefest ќе содржи три активности: Codeference – еднодневна технолошка конференција, Codefest Marathon – веќе добро познатото маратонско кодирање од 32 часа, и CF X – Business Expo – изложбено експо за претставници од ИТ бизнис секторот и образовните институции.
Настанот започнува на 15ти април со Codeference, каде поголем број предавачи и панелисти од земјава но и од глобални рамки ќе имаат свои обраќања на теми поврзани со технологија, иновации, дигитален маркетинг, стартапи и развој на бизниси, инвестиции, а ќе се даде осврт и на моменталната состојба во Македонија и регионот, како и предлози за забрзан технолошки развој и преглед на можностите за подобрување на состојбата. Веќе се најавени и првите говорници на конференцијата, меѓу кои се забележуваат интересни профили од Словенија, Полска, Бугарија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Конференцијата е отворена за сите заинтересирани посетители од регионот, а регистрациите веќе се започнати со pre-booking на следниот линк: https://www.codefest.eu/codeference#Register.
Codefest Marathon го задржува фокусот исклучиво на студенти од технолошки факултети и поврзани области, кои во тимови од 2-5 члена можат да аплицираат со сопствена идеја и без претходни подготовки да добијат можност истата да ја развиваат до демо или прототип верзија во текот на маратонски 32 часа. Аплицирањето за Codefest Marathon е веќе во тек и трае до 15 март, а сите заинтересирани можат да аплицираат на следниот линк: https://www.eventbrite.com/e/codefest-marathon-2016-tickets-20310715898.
Оваа година маратонот добива и силен интернационален карактер, со тоа што стана официјален член на светски познатата лига на хакатони, Major League Hacking. Со ова тимовите-учесници ќе добијат поголема интернационална видливост, како и светски признанија за најдобрите тимови. Маратонот ќе се одржи на 16-17 април во хотелот Инекс Горица во Охрид.
Паралелно со Codeference и Codefest Marathon, ќе се одвива CF X – Business Expo, на кое компаниите и другите институции ќе имаат можност во свој изложбен простор да ја претстават својата работа и да ја покажат својата одговорност кон вклучување на вакви настани. На ова експо, компаниите ќе можат да се запознаат и да остварат соработки со дел од присутните експерти, говорници и претставници на други компании, а истовремено ќе имаат и пристап до квалитетни и талентирани млади луѓе и можности за on-site регрутација. Заинтересираните компании можат да се пријават на следниот линк: https://www.codefest.eu/cfexpo#Join.
„Претставува огромен предизвик да се подготви еден ваков настан, но истовремено го чувствуваме и како одговорност кон покажаниот интерес од страна на заедницата во изминатите три години на Codefest. Оваа година ќе се обидеме тоа и да го надминеме, со тоа што му даваме силно изразен интернационален карактер на настанот и многу посериозни придобивки за учесниците. Со искуството од минатите 3 години, веруваме дека пред нас е еден несекојдневен настан“, изјавија основачите и организатори на настанот.Оваа година Codefest ќе содржи три активности: Codeference – еднодневна технолошка конференција, Codefest Marathon – веќе добро познато