CodeWell со нова апликација на Apple Store- ФАРМА

Почитувани, задоволство ни е да ве известиме дека македонското студио за мобилnи апликации Codewell ја лансираше својата прва македонска игра за деца од пред училишна возраст за оперативниот систем iOS – Фарма. Воедно, Фарма претставува и прва игра на македонски јазик за iPad.Фарма е комплет од игри од едукативен карактер за деца на возаст помеѓу 4 и 8 години.
Во моментов, Фарма се состои од 2 игри – меморија и криенка – кои ќе го предизвикаат размислувањето на вашето дете, додека во исто време ќе му овозможат и одлична забава.
Играта е одлична за вежбање и подобрување на меморијата на вашите најмили, како и за учење и повторување на буквите од азбуката и читање на едноставни зборови.

Тоа што е најважно, е дека оваа игра е на македонски јазик, што значи дека Вашето дете ќе се забавува додека го слуша и чита мајчиниот јазик!
Наскоро во Фарма ќе следат уште две игри: сложувалка – игра која ќе го разбуди логичкото размислување и снаодливоста кај детето, како и игра со чија што помош децата ќе можат да ги научат боите.
Играта Фарма можете да ја превземете од официјалната продавница на Apple, т.е. од следниов ЛИНКФарма е комплет од игри од едукативен карактер за деца на возаст помеѓу 4 и 8 години.
Во моментов, Фарма се состои од 2 игри – меморија и к

Пронајдете не на следниве мрежи: