Доколку барате чоколадна торта која е сочна со секое залче, тогаш овој едноставен рецепт е за вас.Потребни состојки:
Кора:
• 2 шолји брашно
• ½ лажичка сода бикарбона
• ½ лажичка сол
• ¾ шолја растопен путер
• ½ шолја шеќер
• 2 лажички екстракт од ванила
• 4 јајца
• 115 грама црно чоколадо
• 2 лажички растително масло
Фил:
• ½ шолја Нутела
• ½ шолја исецкани лешници
Глазура:
• 225 грама чоколадо
• 1 шолја слатка павлака
Припрема:
1. Загрејте ја рерната на 160 степени Целзиусови. Земете две тави со пречник од 23 центиметри и обложете ги со хартија за печење.
2. Во еден сад, помешајте го брашното, сода бикарбоната и солта. Во друг сад, помешајте го путерот со шеќерот и матете околу 2 минути. Додајте го екстрактот од ванила и едно по едно јајце.
3. Ставете го чоколадото и маслото на тивок оган. Мешајте додека чоколадото не се растопи, а потоа додадете ја смесата со путерот. Додадете ја смесата со брашното и добро промешајте.
4. Поделете го тестото во двете тави и печете околу 35 минути.
5. Загрејте ја слатката павлака и додадете го чоколадото. Мешајте додека чоколадото не се растопи, а потоа почекајте да се излади.
6. Земете го едното тесто, премачкајте го со филот и ставете ги исецканите лешници. Потоа додадете го и другото тесто одозгора и премачкајте со глазура.Потребни состојки:
Кора:
• 2 шолји брашно
• ½ лажичка сода бикарбона
• ½ лажичк