Омилениот десерт – палачинките, сервирани во поинакво издание. Почестете се за успешната недела со вкусна и лесна торта.Потребни состојки:● 125 гр. брашно● 250 мл. млеко● 7 јајца● 2-3 лажички ванилин шеќер● 2 лажички + 30 гр. путер● 250 гр. кокосово масло● 300 гр. црно чоколадо● 250 гр. шеќер● кора од портокал● 2 лажички ликер од портокал● 100 гр. слатка павлака
Подготовка:Во поголем сад, ставете го брашното, млекото, 3 јајца и ванилин шеќер и мешајте додека не добиете хомогена смеса.Од тестото направете палачинки (со големина од 25 цм). Загрејте путер во тава, а потоа сипете го тестото. Печете една минута, а потоа завртете ја палачинката и печете ја уште 30 секунди. Повторете ја постапката и со останатото тесто.Во друг сад, растопете го кокосовото масло. Додадете 150 гр. чоколадо, а потоа додајте 4 јајца, 200 гр. шеќер и изрендајте кора од портокал. Промешајте, а потоа додадете го и ликерот од портокал. Гответе кратко, а потоа оставете ја смесата да се излади.На чинија, ставете една палачинка и премачкајте ја со подготвениот крем. Потоа, врз неа ставете друга и повторете ја постапката. Вака приготвените палачинки ставете ги цел час во фрижидер.За глазурата, истопете го путерот а потоа додадете ја слатката павлака, 50 гр. шеќер и преостанатото чоколадо. Мешајте додека состојките не се соединат и оставете да се излади. Со вака приготвената глазура прелијте ја тортата од палачинки.Пријатно јадење!Потребни состојки:● 125 гр. брашно● 250 мл. млеко● 7 јајца● 2-3 лажички ванилин шеќер