Чоколадни коцки за кои се потребни само 20 минути

Колачите се омилениот десерт на многумина, но за нивната припрема е потребно многу време.
Затоа, денес Ви претставуваме рецепт за брзи и вкусни колачи кои се одлични за секој дел од денот. 
Потребни состојки:
• 1 пакување пишкоти
• 150 гр. темно чоколадо
• 2 децилитри млеко
• 200 гр. слатка павлака
• 250 гр. кокос
Начин на подготовка:
1. Искршете го чоколадото на коцки и ставете го во длабок сад. Додадете го млекото и слатката павлака, па сето тоа загрејте го на тивок оган со постојано мешање сѐ додека сите состојки не се претворат во крем. Оставете го да се олади.
2. Пишкотите ставете ги во кремот, а потоа извалкајте ги со кокос. Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите сите пишкоти.
 

Затоа, денес Ви претставуваме рецепт за брзи и вкусни колачи кои се одлични за секој дел од денот. 

Пронајдете не на следниве мрежи: