Прес конференција на Советникот во советот на општина Битола од партијата на Власи и претставник на Коалицијата за Подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Леонида Чолаковски, како реакција на пресот на ЛДП.На јавноста ѝ е доста од Вашите фабрикувани беспредметни напади и лажно душегрижништво. Дали сметате дека со неосновани фабрикувани пресови ќе ја вратите довербата на граѓаните?
Онаа доверба што ја изгубивте кога во Битола беа затворени и ограбени скоро сите најголеми фабрики и кога преку политикте што ги поддржувате Битола беше завиена во црно. Тогаш транспарентноста не ја познававте. Повторно ќе истакнеме дека целокупниот имот, вклучително и просториите на седиштето на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола е стекнат по легален пат, во согласност со законските нормативи, по пат на членарина и донации во еден крајно транспарентен процес.
Вашите ментори наместо да Ве користат за дневно политички напади треба да одговорат за нивниот имот и сите имотни прашања во кои се вклучени милионски суми на пари. Дали упорното актуелизирање на непостоечко прашање за работниот простор на ВМРО- ДПМНЕ е обид да се прикрие имотот на СДСМ, партијата за која и денес работите?
Почитувани либерал демократи, уште еднаш Ве повикуваме доколку сте загрижени за доброто на битолчани најдобро би било да ги прашате вашите ментори СДСМ со колкав и каков имот располагаат. Колкав е всушност огромниот имот што го наследија од поранешниот Сојуз на комунисти на Македонија кој го користат до ден денес а истиот е граден од парите на граѓаните.
Вредноста на недвижниот имот со кој располага вашиот коалициски партнер СДСМ чини најмалку 5 000 000 евра. Овие пари не се ниту од чланарини, ниту од донации. Овие пари се на сите граѓани на Република Македонија. За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ ги гради своите ресурси од почеток заедно со своите членови и симпатизери, а нив ги има многу.
– Уште еднаш ќе Ве повикаме да се фатите за работа и за програма која можеби ако им ја понудите на граѓаните ќе си ја вратите довербата, и да престанете да изигрувате сателит партија за дневни напади режирани од безидејноста на СДСМ, изјави Леонида Чолаковски од Партијата на Власите, претставник на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ – За подобра Македонија.На јавноста ѝ е доста од Вашите фабрикувани беспредметни напади и лажно душегрижништво. Дали сметате дека со неосновани фабрикувани пресови ќе ја в