Човек против експерт

Discovery Networks International во новиот серијал “ЧОВЕК ПРОТИВ ЕКСПЕРТ”открива дали постои пократок пат до врвот. Водителот Алексис Конран во вистински ситуации ќе користи АХА-фактор на илузија и измама да развие генијални стратегии и ќе се обиде да ги победи експертите во нивната област, без притоа да вложи години на тешка работа и тренинг.Алексис е човек со обични вештини и здрава доза на конкурентност и знаење. Светот на измамите веќе се претвора во забавно-уметничка форма, а е признат и како талентиран изведувач и некој против кого не би сакале да играте карти.
Во секоја епизода Алексис Конран има мисија да предизвика тројца индивидуи кој веќе го имаат досегнато врвот во своите професии и подрачја во кои Алексис има малку или никакво искуство. Ако се земе во предвид  дека во нормални околности не би имал никакви шанси против експертите, Алексис ќе подлегне на специјални тренинзи, техники и информации од признати експерти во одреденото подрачје, но многу често ќе мора да се потпре и  на своите магионичарски вештини за да откриеме кој ќе победи-човек или експерт. Без оглед на крајниот резултат од предизвикот, Алексис на експертите ќе им ги објасни техниките и триковите кои ги користел во обидот да ги победи, без разлика дали се работи за првак во некој спорт, професор или најсилен човек во светот. 
“Соработката со Алексис  во развивањето на овој нов  и интересен серијал беше вистинско задоволство “, изјави Елизабет Меклинтур, заменик претседател на продукција и развој на Discovery Networks International. “Веруваме дека нашата публика во целиот свет ќе ја засака оваа серија која комбинира наука, психологија и лукавост против експертите во нивната област.”
Некои од предизвиците со кои ќе се соочи Алексис во серијалот “ЧОВЕК ПРОТИВ ЕКСПЕРТ”
Човек против рибар–натпревар против светскиот првак во временски ограничен риболов
Човек против првак во кајакарство-трка против словачката кајакарска екипа
Човек против експерт во паметење- како да запаметиш повеќе од шампионот во памтење
Човек против фудбалер-шутирање пенали против најдобиот изведувач на пенали во Англија
Човек против првак во куглање-предизвик во куглање во Brunswick Bowlingu во Мичиген, САД
Човек против таксист-натпревар против најдобрите таксисти во Лондон во трка виз градот.
Човек против детектор на лаги-како да се сокрие лага од полициски испитувач и неговиот полиграф во затворот во Њу Јорк
Човек против стрелец- натпревар против првак во стерелање.Алексис е човек со обични вештини и здрава доза на конкурентност и знаење. Светот на измамите веќе се претвора во забавно-уметничка форма, а е приз

Пронајдете не на следниве мрежи: