Човекот кој живее без 90% од мозокот!

Тој е Французин, просечно е здрав, живее релативно нормален начин на живот и покрај отсуството на 90% од мозокот. Овој неверојатен случај ги тера научниците да ги преиспитаат теориите за биолошката природа на сознанието.И по бројни децениите истражувања, експертите сѐ уште не можат да го објаснат феноменот на сознанието – фундаментален начин со кој луѓето комуницираат со светот, другите луѓе и самите себеси. Знаеме дека ова „нешто“ се формира во мозокот врз основа на невроните. Но, како сознанието се задржува кога недостасува поголем дел од невроните?
Овој клинички случај, за првпат опишан во научното списание Lancet пред речиси една деценија, сѐ уште се разгледува во научните кругови.
Во моментот на прифаќање во болница, пациентот бил на 44 годишна возраст и до тогаш не правел томографија и не знаел дека практично нема мозок. Научната статија не го открива идентитетот на пациентот за да ја зачува безбедноста, но научниците објаснуваат дека голем дел од својот живот тој живеел сосема нормално, дури и без да се сомнева дека има нешто посебно во себе.
Скенирањето на мозокот се одвива речиси случајно. Човекот оди во болница со поплаки од слабост во левата нога, но докторот го испраќа на томографија. Резултатите од MRI покажале дека черепот на човекот е речиси целосно наполнет со течност. Останал само тенок надворешен слој мозочна супстанца, а внатрешниот дел на мозокот речиси отсуствува.
Научниците сметаат дека мозокот на пациентот бавно бил уништен во текот на 30 години со акумулација на течност – процес познат како хидроцефалус. Оваа дијагноза му е поставена уште во неговото детство и му бил вграден бајпас за да се регулира движењето на цереброспинална (ликворната) течност, но кога наполнил 14 години, бајпасот бил отстранет. Од тогаш, течноста се акумулирала во черепот и мозокот постепено му се уништувал.
Човекот немал многу висок коефициент на интелигенција – IQ 75, но тоа не му пречело да работи како државен службеник, да се ожени и да има две деца.
Кога приказната на овој необичен пациент е објавена во научниот печат, таа веднаш го привлекува вниманието на научниците. Изненадувачки е дека човекот останал жив – уште повеќе свесен, живее нормално и работи.
Во исто време тој случај овозможи да се проверат некои од теориите за човековото сознание. Иако ова може да изгледа како медицинско чудо, тоа исто така е голем предизвик за когнитивните психолози, забележува Аксел Клириманс од Брисел.
„Секоја теорија на сознанието треба да може да објасни зошто човек, на кого му недостасуваат 90% од неговите неврони, сѐ уште пројавува нормално однесување“ – коментира тој.
Една теорија на свеста, која се базира на „конкретни невроанатомски функции“ не може да објасни такви случаи.
Со други зборови, излегува дека мозокот не располага со конкретните области, каде што „живее“ свеста.
Деловите на мозокот ги контролираат движењето, чувствата, јазикот, видот, слухот, емоционалните и когнитивните функции. Но, сите овие овие области се силно редуцирани кај Французинот. Фактот дека не страда од значителни психички последици е поради тоа настанатото оштетување се развива полека со текот на времето и мозокот имал можност да се прилагоди за да преживее, иако растела големината на нарушената област.
Аксел Клириманс ја презентира својата теорија, која за првпат е објавена во 2011 година. Тој ја нарекува состојба на „радикална пластичност“ на мозокот. Оваа теза целосно одговара на најновите истражувања кои покажуваат невообичаена пластичност на мозокот, способен да се опорави од трауми, „да програмира“ некои делови за да вршат нови задачи, да одржува свест и целосна работоспособност.
Тој смета дека мозокот учи да има свест. И затоа само неколку специфични нервни функции се неопходни за свеста, бидејќи областите на мозокот се во состојба да се прилагодат и да развијат свест.
„Свеста е неконцептуална теорија за мозокот за самиот себе, стекната преку искуство – преку обуки, интеракција со себе, светот и со други луѓе“ – коментира научникот.
Во научната работа објавена во Fronties in Psychology, Клириманс објаснува дека постоењето на свест значи дека човекот не што само поседува информации, но исто така е свесен за фактот дека има информации. Со други зборови, за разлика од термометарот кој ја покажува температурата, свесниот човек истовремено ја знае температурата и се грижи за тоа сознание. Клириманс наведува дека мозокот постојано и несвесно учи повторно да ја регистрира сопствената активност и овие извештаи на „самодијагностика“ се во основата на свесното искуство.
На крајот, според Клириманс, свеста е „теорија на мозокот за самиот себе“. И така, иако Французинот има малку мозок, тој сѐ уште очигледно е во состојба да генерира една теорија за себе и е „восхитувачки случај за начинот на кој мозокот учи да се прилагоди“.И по бројни децениите истражувања, експертите сѐ уште не можат да го објаснат феноменот на сознанието – фундаментален начин со кој луѓето комуницир

Пронајдете не на следниве мрежи: