Cover верзија на „Одведи ме“ од бендот “Stand By”

“Stand By” е релативно нов бенд на сцената и веќе некое време јавно настапува низ Македонија. Се состои од 4 членови:Ана Јаневска – вокал, Филип Исаков – гитара, Кристијан Петрушевски – перкусии и Никола Митески – гитара.
Целта на составот е во Unplugged верзија да даде ново чувство на веќе добро познатите хитови од домашната и светската сцена.
Неодамна се сними преработка на песната “Одведи ме” од Ареа за која се направи и видео запис кој можете да го погледнете во продолжение.
Бендот открива дека покрај јавните настапи, моментално работи на други песни и се очекува во блиска иднина да се појават уште многу вакви дела.Ана Јаневска – вокал, Филип Исаков – гитара, Кристијан Петрушевски – перкусии и Никола Митески – гитара.

Пронајдете не на следниве мрежи: