COVID-19 долго ќе остане со нас, но ќе биде под контрола

„Не може со сигурност да се каже која е иднината со COVID-19. Но, според нашето искуство со другите инфекции, има малку причини за верување дека SARS-CoV-2 наскоро ќе исчезне, дури и кога вакцините ќе бидат достапни. Пореално е сценариото дека вирусот ќе биде додаден во семејството заразни болести кои се во човечката популација познати како ендемски“, тврди Хестербек, професор од Универзитетот Утрехт, пренесе IFL Science.
Кога болест почнува брзо да се шири во светот, изгледа малку веројатно моменталните мерки да можат да го стават ширењето под контрола.
Факт е дека голем број луѓе сè уште се подложни на зараза, што значи дека вирусот нема едноставно да го снема. Тоа ќе биде случај дури и ако одредени места постигнат имунитет на стадо. Кога доволен број луѓе станат имуни на болеста, преку вакцина или природна инфекција, нејзиното ширење почнува да биде побавно. Но, тоа не значи дека ќе исчезне моментално или целосно. На подрачјата кои немаат развиен доволен имунитет на жители веројатно ќе има доста места кои сè уште имаат доволно чувствителни поединци кои ќе продолжат со пренесување на вирусот.


Ниту една мерка на изолација не е толку силна за да во целост се запре човечката интеракција меѓу региони, внатре и надвор од земји или на глобално ниво.
„Можно е ширењето на инфекцијата на крајот да се стабилизира на постојано ниво така што ќе биде присутна во заедниците цело време, со релативна ниска брзина или понекогаш предвидлива брзина. На тоа мислиме кога ќе кажеме дека е болеста ендемска“, вели професорот.
Теоретски гледано, инфекцијата станува ендемска кога во просек секоја заразена личност ја пренесува на друга. Сè додека постои доволно количина на луѓе чувствителни на болеста да секоја заразена личност ја пренесе, таа и понатаму ќе се шири. Уште не знаеме колку ќе трае имунитетот од инфекција со вирусот, ниту колку ќе биде добра вакцината. Другите коронавируси кои се ендемскии во човечката популација, како оние кои предизвикуваат настинки, даваат привремен имунитет од околу една година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.