ЦРН ПАПА: Тој е најмоќниот човек на светот! – 1 ДЕЛ

Мислевте дека папата е врховен поглавар на Ватикан и Католичката црква? Но, зад папата кој е облечен во бело, стои вистински врховен поглавар на Ватикан, Католичката црква, но и на Илуминатите, Масоните, ЦИА, ФБИ… тоа е Црниот папа!Тој е најмоќниот човек на светот. Ги контролира банкарскиот систем и тајните служби (ЦИА, НСА, СИС, МИ6, Скотланд Јард, Мосад, ЦСИС, ДГСЕ, ФСБ).
Ватикан поседува 60% од израелската земја, т.е. ридот кој би требало да стане Третиот Соломонов храм, каде што сака да го стационира својот престол. Ватикан е дел од Тајната на сите тајни (Arcana Arcanorum), која ја контролираат папинските крвни линии. Овие крвни лози се омега-точки контроли. Тие се Фарнесе, ОРСИНИ, Алдобрандини, Соманиа и Брејкспир. „Црниот папа“ е претседател на светот.
Нивниот главен воен центар се наоѓа во внатрешноста на селото Светиот Дух, кое е целосно заштитено од ракетни проектили! Виктор Емануеле Четвртиот дури сакал и да ја крене во воздух оваа римска религија.
Сегашниот Црн папа Адолфо Николас, кој од 19 јануари 2008 година го наследува Питер Ханс Колвенбах, е 30-от Супериорен генерал на Исусовиот ред.
Супериорниот генерал на Езуитите Адолфо Николас и неговите 6 генерали, ги контролираат „Белиот папа“ и Ватикан. Исто така, под нивна контрола се: Илуминатите, Ционистите, глобалната елита, Советот за надворешни односи, групата Билдберг, Слободните ѕидари, Комитетот 300, како и лошиот Сенат Трент.
– Езуитите ги контролираат Витезите темплари, Витезите Колумбус и Витезите на Малта.
– ЦИА, ФБИ, НСА, АСИО, МИ5, МИ6, НЦИС, ФСБ, ДГСЕ, Мосад и секоја агенција за разузнавање на светот, ја контролираат Исусовците.
– Исусовците се имаат инфилтрирано во сите влади и лидерите како Обама, Рад, Блер, Јинтао, Саркози, Перез, се само марионети кои се водени од страна на езуитските редови. Езуитите се тие кои го потопиле Титаник, така што убиле тројца моќни луѓе кои што претставувале закана за нивните банкарски планови.
Супериорните генерали се избрани од страна на Општата конгрегација на друштвото, која се одржува секогаш кога дава оставка, заминува во пензија или се случува смрт на актуелниот претседател. Тие што се избрани да бидат членови, остануваат доживотно и готово сите му служат на редот до својата смрт, освен отецот Педро Арупе (дал оставка поради нарушеното здравје).
Тоа доведе до свикувањето на 35. Општа конгрегација, на која беше избран Супериорниот генерал, отецот Адолфо Николас.
Новиот светски поредок е сон за глобален тоталитаризам, кој го оживеа банкарот Маер Армшел Ротшилд во 1760 година, за да ја заштити својата приватна банка од глобалните владини регулации. Неговиот Голем син список, детално го има опишано неговиот платен инженер д-р Адам Вајзхаупт, професор по канонско право во Инглоштад. Тој го усвои терминот „Илуминати“. Кошмарот е сѐ уште присутен и тоа благодарение на нивните потомци. Следи краток преглед кој Вајзхаупт го состави за Ротшилд.

Внимателно забележете ги сличностите помеѓу Манифестот на комунистичката партија на Карл Маркс и краткиот преглед на Вајзхаупт.
Големиот син список за Новиот светски поредок е:
– Аболиција на сите светски влади
– Аболиција на приватната сопственост
– Аболиција на наследството
– Аболиција на патриотизмот
– Аболиција на семејството
– Аболиција на религијата
– Глобална популација од 500 милиони луѓе
– Создавање на една светска влада
Маер Армшел Ротшилд, во 1828 година вели: „Дозволете ми да пуштам пари во употреба и да ги контролирам финансиите на нацијата, но и да не се грижам кој ги пишува законите“. Дури и четиригодишно дете може да сфати дека луѓето кои ги контролираат парите – ги пишуваат законите!
„Некои од најголемите луѓе во САД, од областа на трговијата и мануфактурата, се плашат од нешто. Тие знаат дека некаде постои сила која е толку организирана, толку суптилна, толку испреплетена, моќна и комплетна, што е подобро за нив да шепотат кога за неа зборуваат со осудувачки тон“, Вудроу Вилсон (28. претседател на САД).
Тогаш, која е таа суптилна, целосно организирана моќ за која зборува Вилсон? Одговор на тоа се – Езуитите, или како шти ги нарекуваат и Исусовци. Кои се Исусовците? Зарем тоа не се само мисионери, свештеници, или општо, луѓе кои прават добри дела: основаат училишта, универзитети и се гордеат со тоа што се столбови на општеството?
Ако тоа е навистина така, тогаш зошто Исусовиот ред е укинат во преку 80 земји во 1773 година?
Исусовиот ред е исфрлен од најмалку 83 земји, држави и градови поради вмешаноста во политички интриги и субверзии на земјиштето против општото добро на државата – судејќи според записите на свештеникот Томас Ј. Кембел. Практично, секој пример на протерување бил поради политички интриги, политички инфилтрации, политички субверзии, што поттикнувало на политички бунтови.
Тие се господари на господарите на хаосот. Во своето јадро, Езуитите се Господари на војната, Учители, Инфилтратори, Тирани. Тие се обиделе да ги пуштат рацете над глобалната доминација со Лигата на народите, но таа пропаднала. Сега се обидуваат со ново име… Обединети народи и изгледа дека овој пат ќе им успее!
Она што луѓето не го разбираат е дека Исусовците им заповедаат на Белиот папа и државата Ватикан, на сите светски Влади, вклучувајќи ги и сите разузнавачки агенции на светот кои имаат врска со Исусовиот ред и кои се тесно поврзани со Супериорниот Генерал на Езуитите, попознат како Црн папа.
ПРОДОЛЖУВА…
На следниот ЛИНК прочитајте го продолжението…Тој е најмоќниот човек на светот. Ги контролира банкарскиот систем и тајните служби (ЦИА, НСА, СИС, МИ6, Скотланд Јард, Мосад, ЦСИС, ДГСЕ,

Пронајдете не на следниве мрежи: