Иако предмет на обожавање е повеќе од две илјади години, никој не знае како Исус навистина изгледал. Како и секоја година во очи на Божиќ и оваа година се расправа за тоа дали Исус бил од белата или од некоја друга раса.Се поставува прашањето дали е тоа воопшто важно, ако знаеме дека неговата порака беше порака за љубов и мир? Нека кажат дека тоа било Божја волја, со оглед на тоа дека во Библијата физичкиот изглед на Исус не е никаде опишан.
Сигурно знаеме дека е роден пред 2.000 години на Блискиот исток, на територијата на денешна Палестина. Поради тоа многу историчари заклучуваат дека Исус би можел да изгледа како „Арап“.
Првите слики од Исус се појавиле неколку години по неговата смрт. Некои му припишувале животински облик, претставувајќи го како лав или јагне- вели Едвард Блум.
Тој наведува дека од периодот од 700 до 1500 година во Европа, на Блискиот исток и во северна Африка се појавиле мноштво од различни слики од Исус, како и оние на кои е Исус прикажан како црнец.
Роквел Дилман, свештеник од Питсбург, вели дека поседува книги со слики односно сцени од Библијата од различни светски култури, како што е сликата од тајната вечера на која се сите од Тајланд.
-Сите етнички заедници се обидуваат да го претстават Исус како белец-објаснува тој.
На почетокот на 16-тиот век 90 отсто од христијаните биле Европјани. Додека во Америка сликите од белиот Исус започнале да се појавуваат на почетокот на 19 век.
-Луѓето од Америка ги сметаат Евреите за белци. А затоа што Исус бил Евреин,значи дека бил бел. Меѓутоа настанува проблем затоа што Евреите не потекнуваат од Европа и со векови се сметало дека не припаѓаат на белата раса. Тек неодамна се официјално пор категоријата „бела раса“.
– Без оглед дали бил бел или црн, важно е дека луѓето во неговиот живот наоѓаат смисла.Се поставува прашањето дали е тоа воопшто важно, ако знаеме дека неговата порака беше порака за љубов и мир? Нека кажат дека тоа било Божја волја,