Црното лате со активен јаглен е новиот модерен вид на кафе

Црното лате со активен јаглен е новиот модерен вид на кафе.Веројатно веќе сте забележале дека најголемите трендови оваа година се обоени во црно, почнувајќи од тестенините и оризот во оваа боја, па сè до црната лимонада.Енергетските пијалаци на база на „суперхрана“ се најголемиот хит за претстојната сезона. Меѓу нив, се издвојува црното лате со активен јаглен, кое веќе прерасна во тренд на социјалната мрежа Инстаграм.
Charcoallatte е уште еден делотворен еликсир, кој се користи во служба на добро здравје и дополнителна енергија.
Овој пијалак го прочистува телото од токсините, благодарение на моќните состојки кои се наоѓаат во црниот адитив. Помага кај проблеми со стомакот, а исто така одлично делува и во случај на претерување со алкохол. Оваа природна состојка има благотворно влијание и на тенот, па корисен е и за надворешна употреба, на пример, како црна маска за лице.
Во продолжение, ви го откриваме рецептот за подготовка на црното кафе со активен јаглен.
Потребни состојки:
1 капсула активен јаглен (достапен во аптеките)1/3 шолја вода1 чаша бадемово млеко1 лажичка јаворов сируп или медмалку ваниламалку цимет
Начин на подготовка:
Загрејте го млекото во тенџере. Помешајте го активниот јаглен во прав со водата, а потоа, сипете ја добиената црна течност во млекото. На крајот, додадете засладувач по желба, па малку ванила и цимет.
 Енергетските пијалаци на база на „суперхрана“ се најголемиот хит за претстојната сезона. Меѓу нив, се издвојува црното лате со активен

Пронајдете не на следниве мрежи: