Цуцуловски: На македонскиот народ не му прилега да се радува

Одличен одговор на сите кои не гледаа ракомет, кои не навиваа, кои не го чувствуваат Вардар за македонски тим, на сите на кои спортската победа им донесе политички пораз и кои сакаат да му ја поматат радоста и да му ја украдат среќата на Македонецот со своите несреќни животи. Професорот Љубомир Цуцуловски, кого социјалдемократите го обвинуваат за блискост со поранешната власт на принципот ако не си со мене, против мене си, поради можност јасно и гласно да го искаже сопствениот став, каков и да бил, понесен од еуфоријата заминал на плоштадот во Скопје, а таму чудо.
„После чудото во Милано (мислам во Келн) одлучив и јас да заминам до Плоштадот во Скопје, во стилот: „Каде сите Македонци, таму и гол Цуцул!“ Кога, таму, ме дочека друго чудо. Пред мене видов народ „распаметен“ од радост, распеан и насмеан, како ретко кога. Згора на сè, пееја и виореа македонски и клубски знамиња. Гледајќи ја таа „неприродна“ радост и еуфорија, веднаш сфатив дека во сето тоа мора да се вмешани рацете на некои странски тајни служби, здружени со некои наши (македонски) партиски кругови, бидејќи на македонскиот народ не му доликува, ниту му прилега, да биде радосен и добро расположен. Ова го имам научено од некои високи македонски интелектуалци, меѓутоа и политичари, според кои ако некој е радосен и достоинствен, тој не е Македонец. Ако е Македонец, тогаш не може да биде горд и радосен, бидејќи овие особини се несвојствени за Македонецот. Имајќи го ова предвид, веднаш сфатив дека сета оваа радост и гордост мора да се резултат на тајно поделени сендвичи – нормално, донирани од некои партиско-странски служби – и дека на најзаслужните организатори на овој необјаснив и недоличен изблик на радост им е поделена, како на заслужни граѓани, и по една лименка млако пиво, со неразјаснето потекло“, пишува Цуцуловски.
Професорот Љубомир Цуцуловски, кого социјалдемократите го обвинуваат за блискост со поранешната власт на принципот ако не си со мене, против мене с

Пронајдете не на следниве мрежи: