ЧУДО ВО ОСТРОГ ЗА КОЕ СИТЕ ЗБОРУВААТ: Девојче влегло во манастирот и…

Манастирот Острог е сместен во карпа на 900 метри надморска височина помеѓу Никшиќ и Подгорица, во Црна Гора каде само во текот на летните месеци, јули, август и септември го посетуваат помеѓу 250 и 300 000 верници и посетители, што го прави најголемо православно светилиште не само на Балканот, туку и во цела Европа. Исто така, на денот на свети Василиј, кој се празнува на 12 мај, во манастирот во зависност од временските услови, и денот, односно  дали е работен ден или викенд се собираат од 10 до 20.000 луѓе.Колку е ова светилиште значајно во рамките на Српската православна црква (СПЦ) најдобро покажува фактот дека неговиот игумен – старешина е самиот митрополит Црногорско – приморски Амфилохие.
Токму неговиот благослов е од суштинско значење за да биде одобрено снимање  во рамките на Манастирот Острог.
Екипата Анадолија го посети манастирот, вклучувајќи го и местото кое е обележано со круг како локација каде што починал свети Василиј, но црквата на Светиот крст, во која се сместени оригинални фрески од 17 век, од кои три УНЕСКО ги прогласи за вредни културни богатства иако целиот фрескопис е заменет поради убавина. Во неа инако се наоѓа и граната од Втората светска војна од времето на германското бомбардирање, која за среќа не експлодирала иако порано ја пробила оградата и ѕидот на црквата на Светиот Крст.
Пред влезот на Горниот Манастир Острог како што инаку се нарекува делот кој е централна точка на целиот локалитет и моштите на Свети Василиј, има стотици луѓе брзаат да ги кажат нивните молби до светецот и да побараат од него да им помогне. Има мноштво испишани пораки од желби на верниците и посетителите кои ги оставаат во манастирот.
Екипата на Анадолија затекнале и еден брачен пар Вујанчиќ, Дејан од Котор кој е православен и Петра со потекло од Истра во Хрватска, која е католик. Со нив бил и малечиот син Никола. Фактот дека се од различни религии православна и католичка, на парот Вујачиќ не им пречи, бидејќи се зборува дека луѓето доаѓаат сите вероисповеди, муслимани, протестантите….

„ Дојдовме за да се молиме за нашето здравје, за нашето семејство да биде добро и да напредува. Неколку пати сум дошол тука, а пред 2 години за прв пат со сопругата. Ние се помоливме да добиеме син и желбата ни се исполни. Сега дојдовме тука за да се помолиме за барем уште едно дете. Доаѓаат луѓе и католици и православните и муслиманите од разни религии, бидејќи луѓето слушнале дека постојат и урбани легенди и вистински приказни, каде што е познато дека светецот им помогнал на луѓето кои доаѓаат да се молат искрено и од срце. Па еве нас ни помогна. Тоа е големо и свето нешто кое се почитува“ , вели Дејан Вујачиќ додека неговата сопруга Петра потврдуваше.
Дејан исто така раскажа дека од порано постоела приказна дека бебе со колевка на ова место паднало доле, колевката се искршила, а бебето останало спасено во гранките.
Инаку освен верници и посетители во манастирот Острог, доаѓаат и бројни политичари. Така тука бил и претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ, а неодамна и нашиот претседател на Р. Македонија Ѓорге Иванов.
Прељубезниот домаќин Сергиј Рекиќ, јеромонах во манастирот Острог, наведува некои занимливости од ова светилиште. „Сигурно сте биле на многу значајни културни места, со природна убавина, сте ги виделе и констатирале дека навистина е убаво, меѓутоа кај св. Василиј, ова е барем мое искуство, кога дојдов еднаш, потоа доаѓав постојано. Бидејќи имаш потреба да дојдеш. Неговиот благослов те обновува и внесува мир и сила“, раскажува јеромонахот Сергиј.
 „Постои разлика но ние не ја правиме бидејќи кој би судел на човек и кој ќе знае кој дошол да ја бара славата Божја, а кој дошол да се восхитува кога сите сме луѓе. Во секој нас има Божја искра и секој од нас може да дојде како турист, а да си замине како верник. Тоа никогаш не се знае. Има и такви кои дошле неколку пати, кои имале некоја потреба“ нагласува јеромонахот Сергиј.
„Луѓето доаѓаат да се молат и примаат утеха и помош. Добивме сведоштва: некои се враќаат, некои пишуваат, некои се јавуваат, некои кажуваат преку пријателите…Многу од нив не кажуваат, па ќе дознаеме случајно. Прекрасни се сведоштвата на чудесното исцелување на луѓето. Некои од луѓето овде што ги среќаваме во многу лоша физичка форма и здравје, се враќаат по неколку месеци и не можеме да ги идентификуваме – тие се сосема поинакви луѓе. Доаѓаат верници, ние сме апсолутно отворени за секој човек, не ние, туку  светилиштето. Ние не можеме против светоста, ако свети Василиј е отворен за исцелување никој не може да го спречи тоа. Бидејќи не пронаоѓаат утеха и исцелување само оние кои се од православна вероисповед , туку и од сите други вери“ вели јеромонахот Сергиј.
За чудото што и се случило на едно 15-годишно девојче од Војводина исто така постои сведоштво. Таа, раскажува Отец Сергиј, се разболела од најтешката форма на рак….

„Таа беше во критична состојба. И беа дадени лекови само за да и се ублажи болката, за хумано да го дочека часот на смртта. Кога свештеникот слушнал за состојбата отишол и се помолил. Кумата ја донесе книгата со сведоштва на Свети Василиј, девојката поверува, и иако таа не беше пред тоа верник, побара помош. По молитвата, таа беше веќе подобра“ раскажува Отец Сергиј.
Кога се опоравила и почнала сама да се движи, дошла во манастирот.
„Кога ја стави главата на градите на Свети Василиј почувствува дека нејзината сила се враќа, и дека е излечена. Таа се чувствуваше здраво. Нејзините нозе беа  коска и кожа. Кога одеа на Војводина во Бијело Поље, подоцна добив повик, погледнала во нозете, кои биле полни со месо, крв, мускули. Се добило друга форма“ вели јеромонахот.
Едно од личните сведоштва, што е многу импресивно од  манастирот Острог е случајот на една жена заболена од церебрална парализа. Отец Сергиј бил, наводно, личен сведок на исцелението. Додека стоел во предниот дел на црквата, влезе, вели тој, една жена која од времето кога била дете не можела да оди поради болеста. Поради церебрална парализа нозете и биле неразвиени и свиткани.
„Кога дојде имаше околу 40 години. Скромно, таа рече дека дошла само да побара и да се помоли да и се намали нивото на болка од кое страда. Замислете ја таа скромност. По две минути вресна, бидејќи треба силна енергија, нозете и се исправија и таа на свои нозе излезе надвор со зборовите – чекорам, јас одам“ раскажува Отец Сергиј.

Отецот Сергиј Ракиќ, јеромонахот за Анадолија го пренесе и сведоштвото кое лично му го пренел последниот претседател на Србија и Црна Гора, Светозар Маровиќ, кое е документирано. Маровиќ раскажува за исцелението на сопругата на неговиот пријател од Црна Гора, што бил во брак со Французинка и живеел во Париз.
„Неговата сопруга имаше тешка форма на рак на грлото. Таа веќе престана да проголтува тврда храна, туку користеше само пасирана и течна храна. Не беше можно, бидејќи се појавија метастази, да се очекува исцелување. Тие го повикаа нашиот митрополит Амфилохие да ги прими. Митрополитот прочита молитва, и веќе по два часа, жената во ресторан нарача и јадеше риба. По кратко време, таа одеше на работа целосно здрава, а лекарите беа во чудо. Во медицината, тоа не беше можно се излечи“ раскажува Отец Сергиј.
Како сведоштво на чудесни исцеленија во Острог се и синџирите (окови). Еден човек кој бил „поместен од умот“ во кој имало демонската природа, затоа што го обземал зол дух, па врескал и викал, бидејќи не можеле да го доведат мирно, го довеле присилно до светецот.
„Кога тој ги допре моштите, злиот дух го напушти и тој се врати дома. Синџирите се сведоштво на ослободувањето. А човекот се ожении и има семејство“ раскажува Отец Сергиј.
Манастирот Свети Василиј е познат благодарение на чудотворната моќ или на моштите на светиот отец Василиј. Светиот Отец Василиј е роден во почетокот на 17 век, во 1610 година и како млад почнал духовен живот. Неговата биографија вели дека веќе во раното детство ја засакал молитвата, духовниот живот, избегнувал  услови на животната средина кои би го одвеле од живиот Бог, што продолжил и во текот на целиот негов живот да работи.Колку е ова светилиште значајно во рамките на Српската православна црква (СПЦ) најдобро покажува фактот дека неговиот игумен – старешина е са

Пронајдете не на следниве мрежи: