Цуклев: Неодогворното однесување на СДСМ во 2015 година, ќе ги чини граѓаните неколку десетици милиони евра

На денешната панел дискусија во рамки на одбележувањето на 27-от роденден на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати и Драган Цуклев. Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ целосно била посветена на програмите со кои настапуваше на изборите и ја добиваше поддршката од граѓаните.-Првите три години од преземањето на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ, беа години со највисок економски раст од осамостојувањето на Република Македонија до денес. Во годините на светската економска криза, Македонија имаше едни од најголемите стапки на економски раст во еврозоната. Во услови на должничка криза во Европа и намалена екстерна побарувачка, благодарение на одржувањето на високо ниво на капитални инвестиции, како и поддршка на македонското стопанство, преку евтини кредити, преку Македонската банка за поддршка на развојот, во ситуација на ригидни кредитни критериуми од страна на банките, успеавме да ја пребродиме кризата со минимум последици, без отпуштање од работа, без намалување на пензиите, без покачување на даноците. Наспроти тоа имавме ослободување од плаќање на ДДВ за реинвестираната добивка, со што околу 100 милиони евра директно остаа во стопанството, кажа на панел дискусијата Цуклев.
Тој напомена и дека најниската пензија во изминатиов период пораснала за 90 проценти, просечната за 70, социјалната и постојаната парична помош на 60 проценти, како и дека ивозот кој во 2005 година изнесувал 2 милијарди евра, во 2015 бил дуплиран на 4 милијарди евра.
-Невработеноста беше намалена од 38 на 23 проценти, што секако не е доволно добро, како што е во општина Илинден, каде што е 6 проценти. Меѓутоа, намалувањето на невработеноста за цели 15 процентни поени е значителен чекор кон најголемата рак рана на македонското општество, а тоа е невработеноста. Сето ова беше како резултат на активните мерки за вработување, како резултат на поддршката на македонското стопанство и влезот на странските директни инвестиции во  тирзовите, кажа Цуклев.
Тој го спомена и зголемувањето на БДП по глава на жител, кое во 2005 година било 2.500 евра, додека во 2016 4.400 евра, што е зголемување за нешто повеќе од 80-90 проценти.
-За жал, политичката криза од пред две и повеќе години, го зададе својот удар и врз економијата. Како последица на неодговорното однесување на тогашната опозиција, дојде до вештачки страв за девалвација на денарот, некаде во април-мај месец 2015 година, граѓаните беа принудени да си ги повлекуваат своите заштеди во банките и за неколку дена од конверзијата на парите да изгубат 4 милиони евра, кои што се директна штета на граѓаните, кажа Цуклев.
Цуклев напомена дека кулминација на неодговорното работење на тогашната опозиција беше зголемувањето на каматата при издавањето на еврообврзницата, штета што од неколку неколку десетици милиони евра ќе биде на товар на граѓаните. Тој кажа и дека сега ќе се реализира програма на партија која изгуби на изброите, програма која изобилува со лажни ветувања, а не програма на партијата за која гласаа граѓаните на Република Македонија.
-Би споменал и за зголемувањето на данокот за 18 проценти. Повисоки стапки не значат и повеќе приливи на прибран персонален данок во буџетот, затоа што во 2006 имавме трискалесто даночно оданочување, 15, 17 и 24 проценти, па севкупниот прибран персонален данок беше 130 милиони евра, наспроти 230 милиони евра во 2016 година, со рамен данок од 10 проценти. Воведувањето на стапката од 18 проценти ќе развие и обиди за прикривање на приходите, односно даночна евазија, рече Цуклев.
Тој напомена и дека во програмата на СДСМ нема мерки како да се дојде до просечна плата од 30.000 денари, туку само желби за толкава плата. Тој го спомена и зголемувањето на минималната плата, која според неговите зборови може да донесе проблем, а тоа е да бидат отпуштени од работа оние кои треба да им се помогне со оваа мерка. Тој се задржа и на помпезно најавуваниот од Заев повраток на ДДВ од 15 проценти, платен од граѓаните, каде новиот премиер најави дека тоа ќе биде плус плата за секој граѓанин.
-Ако земеме едно просечно македонско домаќинство со потрошувачка кошница од 30.000 денари, во кои што ќе се сложите 15.000 денари се производи кои што се оданочени со пет проценти ДДВ, а нека бидат 15.000 со 18 проценти, вкупниот повраток на месечно ниво за тоа домаќинство, потрошувачка кошница од 30.000 денари ќе биде некаде околу 400 денари, значи далеку од онаа помпезно најавувана плус плата. Бенефитот за граѓаните од проширувањето на листата на производи со повластена стапка од пет проценти во сите овие изминати години, е многу поголем од она што како финансиски апсект ќе го добијат од помпезно најавуваната плус плата, кажа Цуклев.
Тој напомена дека владата на ВМРО-ДПМНЕ на својата прва седница не се сликаше по кабинетите, туку ја намали даночната стапка од 18 на 5 проценти, за земјоделски репроматеријали и механизација. Тој најави дека тие како пратеници од блиску ќе ја следат работата на новата влада и спомена уште од старт има ретерирање од оние големи ветувања кои беа дадени во кампањата на СДСМ.-Првите три години од преземањето на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ, беа години со највисок економски раст од осамостојувањето на Република Македон

Пронајдете не на следниве мрежи: