Приказна извадена од „Народната Демонологија на Македонците“, напишана од Танас Вражиновски.Чумата и берела, берела и то нагло. Од една куќа пет-шес души собирала. Еден однеси го, закопај го, друг земи го, закопај го, пет-шес души, десет души колку биле во куќите, сите и смакна, само свекорот и нестата и детето останале. Се исчистила.
Некој бегал од чумата. Бегал, бегал и ко едно време чумата му вели:
– Аирлија – му вели – кај ојш вака?
– Абе, бегам од чумата – рече – ваму кај нас владее чумата итоа многу. Луѓето бегаат.
– От кое место си?
– От Филан Село.
Чумата го извадила тефтерчето:
– Слушај – рече – не си запишан ти овде, оди си, не си запишан во тефтерчето. Тоа сум јас шо и берам, јас сум чумата. Како шо му е редот, така се берат.Чумата и берела, берела и то нагло. Од една куќа пет-шес души собирала. Еден однеси го, закопај го, друг земи го, закопај го, пет-шес души, десет д