Чуму ти е Татковина? [ако не знаеш како да ја сакаш]

Печалбарството и политичката емиграција колку и да се различни по својата суштина и мотиви во основа ја потврдуваат тезата дека:
”Македонската дијаспора е нераскинлив дел од македонското национално ткиво.”
Факт поткрепен не само со секојдневните врски (денес) помеѓу роднините во и надвор од татковината туку и од историски аспект и низ дела за и во прилог на татковината дури и во време кога електронската комуникација била само мисловна именка.  
Идејата за слободна и независна Македонија во дијаспората е далеку постара од постоењето на нашата држава. Таа живее уште од времето кога нашата татковина била подјармена под бројните  ропства почнувајќи од турското и завршувајќи со нео-колонијалистичкото ЕхЈу комунистичко. Таа ги надживеала и султановата Milli Emniyet Hizmeti, Александровиот Службени Сервис Краљевине Југославије и Титовата УДБА. Дијаспората активно учествува во создавањето на Република Македонија во можеби геополитички најтурбулентните времиња за македонскиот народ по втората светска војна. Носителот на идејата за самостојност и независност на македонската држава, партијата ВМРО –ДПМНЕ, континуитет на историската, е создадена во Берлин, Германија. Не помалку е важна и улогата на Македонците ширум светот кои преку своите лобирања при тамошните влади ја искреираа и зацврстија перцепцијата за нужноста од опстојот на нашата тогаш млада држава.
И доколку во минатото македонската емиграција беше соочена со  предизвиците кои беа резултат на пред се “соседските” надворешни стратегии и влијанија, денес во 2016г. истата е исправена пред нови, и овој пат внатрешни предизвици за уништување на унитарниот карактер на матичната  држава.
Разбременета од внатрешниот комунистички синдром на активно разнебитување на нацијата, пред се поради болните лични амбиции на поединци во државата, таа е или нем сведок или во најдобар случај само пасивен учесник во македонската ”криза”. Од друга страна пак благодарение на инфо-ерата во која живееме, како и жилавоста на актуелната влада на ВМРО, за разлика од онаа во 2001, Македонецот во дијаспората е одлично информиран за и околу последната вештачки генерирана политичка криза во Македонија.
Тој овој пат точно ја знае улогата на Џорџ Сорос, на американската, потенцирам, лева дипломатија, на реинкарнираната УДБА и на петоколонашката полно-празна самобендисаност како и за мотивите на сите погоре спомнати.
Денес Македонецот, бранејќи ја сопствената национална кауза, ја брани не само Македонија, туку и земјата домаќин т.е. Европа и нејзините вредности. Македонецот во дијаспората  е повеќе од свесен дека во случај на промена на актуелната власт во Македонија, отворањето на цврсто чуваната меѓу другото европска  граница ќе стане реалност и дека поради интензивниот бегалски бран неговата безбедност ќе биде загрозена каде и да е тој. Македонската дијаспора може и сака  неговото поколение да го научи јазикот на домаќинот, но таа не може и не ја прифаќа наметнатата ”нужност” од албанскиот јазик како втор матичен.
Логичниот одговор и инструмент, со кој Македонецот од дијаспората се справувал во минатото со ваквите и слични пројави е сплотеноста.
Претстојните саботни избори во дијаспората се само можност за јавна декларација и манифестација на сплотеноста како нејзин одговор.
Секој Македонец свесен за историските собитија, сегашните избори во дијаспората ги доживува како привилегија.
Привилегија поради фактот што денес, а за разлика од минатото, пенкалото во неговата рака е посилно од солунскиот динамит, црешовото топче, пеколните машини на пругата Ориент Експрес, марсејскиот нагант и кумановската пушка.
Да се потсетиме и дека не секогаш и не сите Македонци имале можност да решаваат за сопствената судбина и во таа смисла, а како поука и аманет за денешните и идните генерации би ја цитирал изјавата на еден голем Беломорец, кој за жал никогаш во својот живот ја немал привилегијата да одлучува за својата Македонија:
”Чуму ти е Татковина … ако не знаеш како да ја сакаш”
Никола Насков, Варшава (Полска).
Сегашните предвремени парламентарни избори се клучни за опстанокот на Република Македонија како држава на македонскиот народ, и гласот на Македонецот од дијаспората е од фундаментално значење.
пишува: м-р Владимир Крстевски
  

Пронајдете не на следниве мрежи: