ЧУСТВИТЕЛНИТЕ ПАПАГАЛИ И ДЕЦАТА СО ПЛАСТИЧНИ МЕДАЛИ

Живееме во време на социјални мрежи, во време на технологија, комуникации и SJW (social justice warrior или ти борец, воин за социјални правди ) фаци. Живееме во време во кое емпатија е лајк на статус а омраза е блок, затварање во себе, исклучување и уништување на непожелните вистини. Живееме во јебено време во кое фактите треба да ги замениме со јебените чувства на Петар Арсовски постариот и Марин Бабиќ не толку стариот зошто решиле пред пензија да се прават снегулки на социјалната правда и евентуално да се појават во цртан филм. И на цел тој напредок техничко – технолошки нам ни се сервира дека постојат аргументи и емотивни аргументи, таканаречени аргументи со чувства. Овие вториве се појаки, ултимативни. И со нив нели нема дебата, нема спорење нема испитување.
Постојат бомби, постои преподобниот великомаченик господинот Заев кој ни ги донесе и ете ти јебена атеистичка религија. Парадокс ама емотивен. Секој муабет почнува и завршува со „како што слушнавме во бомбите“ и со тоа нема дебата, така е. Ако се запрашаш дали нешто има логика, ти си распнат на атеистичкиот крст и има да патиш зошто си јебен режимлија, фашист и не сакаш правда и мир. Некогаш и вашата маленкост ( не Маленко ) ќе посака бар еднаков третман, и тоа не за себе туку воопшто, еднаков третман на реалноста за да можеме да градиме заедничка реалност од како ќе ги спалиме на клада минатите 10 години од нашите режимски животи и се што произлегло од нив. Ама не, во новата реалност која само што не дошла, се даваат откази на глумци за статус на Фејсбук, засега само хипотетички како шамарите кои ги изеде Жерновски но со голем емотивен потенцијал да станат реалност ако месијата и страдалник за нашата колективна слобода и колективни етнички граџански права кои се концентрираат на правата на само еден етникум зошто другите имаат премногу права, преподобниот господин Заев дојде конечно на власт. Па да катарзираме колективно и спонтано, зошто во светот на емотивните аргументи и смс пораките и рантовите по социјалните мрежи се набиени со емоции, онака револуционАрно.
Во реални услови, со реални параметри овие емотивни свезнајучи гуруа на слободата, социјалната правда и мир и колективните етнички права, застапници на индивидуалистичко граџанство, ќе беа исмевани и ставени онаму каде што припаѓаат, на маргините.Наспроти тоа, тие ја создадоа оваа паралелна реалност во која живееме во која шизофренијата е валиден аргумент ако е поткрепена со емоција, а нејзиниот пораз е неприфатлив и треба да се затрупа со уште еден камион праведнички гоВна филувани со емоција за на народот не му смрди толку, или уште подобро да му отрпне носот. Им успеа делумно и заради нас. Секоја ваква шизофрена доктрина има потреба од таканаречени enablers, овозможувачи, кои не треба да се ни премногу инволвирани во каузата, само треба да гледаат на другата страна. А ние гледавме и се надевавме, се надевавме дека папагалите ќе му скурчат на народот, дека ќе им здосади, дека ќе престанат. И додека ние чекавме на „божја интервенција“ освестување, отворање очи наместо да ги затрупуваме на секое јебено можно место со аргументи, тие го создадоа меурот. И тоа не е страшно колку што е страшно што го наполнија со невини и наивни деца кои во „режимот“ влегле на 8,9, 10 години и сега во раните 20-ти се „страшно осакатени“ од него.
И ги нашмркаа со морално праведнички отров, дека сите се победници и дека и ако изгубиш си победил ако ти така мислиш. Тука им помогнавме ние. Јас, што се смеев на мајката која купува 30 пластични златни медали од Џамбо за секој пат кога нејзиното дете ќе изеде оброк или ќе си го избрише само газот да му даде медал за „постигнувањето“. Тоа се случува кога прифативме да нема отценки и кога сите 30 состави во класот се најдобри, кога сите 200 деца што испливале и не испливале, дури и не дошле, добиваа медал.
Тоа се случува луѓе. Таа генерација порасна, заврши средно и чека 1000 евра плата, нивната полнолетна златна медаља, нивниот golden ticket. А лошите небањати жмроњи им нудат 250 евра почетни во некоја Бунарџик вукојебина, со можност да стигнат до 700, 800, 1000…. Која факинг бламажа нели? Еееее пораснаа децата и си ги бараат медаљите, ама овој пат не од Џамбо, ами директно од ВЛАДАТА НА РМ. Нормално – без труд, без мака, инаку…. инаку ЌЕ СЕ ОДСЕЛАТ !!! И додека лошите жмроњи се обидуваа да амортизираат декада на размазени, по секоја цена победници дури и ако изгубат, кои не сакаат ни натпревар ни пораз туку само урбано дружење, хенгање и исплата, емотивните јебени папагали им понудија револуција. Револуција против логиката, против здравиот разум, против реалниот свет. Во таа револуција, наши деца истураат канта со нафта во Охридското езеро за 20 јебени евра и сликаат слики од перформансот и ги поставуваат на социјалните мрежи. Во таа револуција автопатот е полош од макадамскиот пат само затоа што првиот е направен од небањати а вториот од урбани персони. Најчесто не ниту ни од нив туку од некој починат тотем ( Тито ) на кој му се клањале како субститут на Бог во јебените најдобри времиња на планетата кога можеле да постигнат ерекција. Е „сада кад је ерекција нестала“, решија да ни ја ебат младината. Епски и со чувства. Факинг оригинално. Затоа е редно време да отвориме фронтална војна со овие емотивни папагали од паралелната реалност. Време е да ги затрупаме со факти, табели, статистики од најрелевантните извори. Не заради нас, да ги раскринкаме заради нашите деца, да им го покажеме нивното вистинско грдо лице. Да им ги отвориме очите и ушите за друг аспект, за нешто вон бомбите и пропагандата. Да ги натераме да мислат, да процесуираат со мозокот, не само да повторуваат туѓи мисли и ставови. Да им нацртаме дека ако имало 5% вистина во тие ready made библиски атеистички срања, господинот Заев ќе најмеше 3 адвокати и на меѓународна инстанца денес ветерниците кои им ги продаваат за природни непријатели ќе беа веќе 3 години поразени. Fair and square!  Тоа е победа а не ова виртуелно гоВно кое им го нудат како суплемент за пластичните медали. Борбата за Македонија почна, младите МОРА да победат но реално, вистински, во овој свет во оваа реалност. И ние мораме да им помогнеме, не можат сами а тоа е и нашата базична одговорност како нивни родители. Затоа да ги тргнеме лажните тотеми, да ги закопаме длабоко со под земјата заедно со нивните патетични папагалски емотивни синтагми и бидете сигурни, со нашите деца ЌЕ ЖИВЕЕ И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
Алекс Ванко
Писател, аналитичар, филозоф

Пронајдете не на следниве мрежи: