Чувства? Што всушност значи тоа?

Луѓето не се свесни за моќта на своите чувства, и дека нивните чувства се реакции и одговори за се она што им се случуваКога ќе се случи нешто добро вие се чувствувате убаво. Кога ќе се случи нешто лошо вие се чувствувате лошо.
Не сфаќате ли дека вашите чувства се причината за се што ви се случува?
Кога реагиратe на нешто што ви се случило со негативни чувства,тие даваат уште повеќе негативни чувства и добивате повеќе негативна околност.
И вие се вртите во круг, заробени од сопствените чувства. Нивниот живот, исто така, е во затворен круг и ништо неможат да постигнат. Тоа е така бидејќи не сфаќаме дека, за да го промениме животот, мораме да ја промениме фреквенцијата на нашите чувства!

 
Секоја секунда е шанса да си го промениш животот зошто во секој момент можеш да го промениш начинот на кој се чувствуваш. Не е важно како си се чувствувал претходно. Не е важно што си мислел за направените грешки. Важно е да сакаш да се промениш!
Кога ќе го промениш начинот на кој се чувствуваш ти си на поинаква фреквенција и законот на привлечност реагира во моментот!
Кога ќе ги промениш твоите чувства,минатото веќе го нема!
Кога ќе ги промениш твоите чувства,се менува и Твојот Живот!Кога ќе се случи нешто добро вие се чувствувате убаво. Кога ќе се случи нешто лошо вие се чувствувате лошо.

Пронајдете не на следниве мрежи: