Во светот цвета трговијата со илегални лекови. Тие носат заработка вредна милијарди евра, поголема и од бизнисот со дрога, но и смрт за многумина.Препаратите за слабеење, за малигни заболувања, против маларија, средства за срце, и за намалување на притисок, дури и лекови против сида, можат да се купат нелегално на интернет. Овие препарати, т.н. лекови, се подготвуваат во катастрофални хигиенски услови во работилници и лаборатории сместени во подруми, гаражи или во дворови во катастрофални услови. Речиси во сите земји ги има, но најмногу се лоцирани во источноазиските држави. Во Африка 700.000 луѓе годишно умираат од употреба на лажни лекови против маларија и туберкулоза.
Овој загрижувачки податок покажува дека во светот цвета трговијата со илегални лекови кои се нудат преку социјалните мрежи и интернет. Тие носат голема заработка вредна милијарди евра, но и смрт за многумина. Според проценките се работи за вносен бизнис кој донесува значително поголеми приходи од бизнисот со дрога.
Во една неодамнешна анализа на Дојче веле се вели дека препарати за слабеење содржат отровен арсен, средствата за потенција се направени од вода, а лековите против болки содржат креда .Во дел од примероците е регистриран и измет од глувци.
Германија не е исклучена од овој бизнис, а како што вели Рут Халити од Царинската управа во Келн, бројот на лекови кои царината ги запленува се во постојан пораст.
– Само во првата половина оваа година германската царинска контрола открила 1,4 милиони лажни апчиња, прав и ампули, 15 отсто повеќе од истиот период минатата година – посочува Халити. Според него едно од главните места за внесување на вакви пратки од земјите надвор од ЕУ е аеродромот во Франкфурт, каде што царинската контрола систематски проверува околу 90 тони авионски пратки годишно.
Активна е и Царинската управа на РМ, бидејќи и тие имаат сознанија дека преку интернет под рака се продаваат сомнителни лекови. Тие во засилена акција во континуитет ги ловат шверцерите на лажни лекови, особено актуелен е шверцот со вијагра, чаеви и материјал за вештачко оплодување.
Токму деновиве на граничниот премин Табановце откриен е метален сад со 500 единици со бикова сперма за вештачко оплодување на крави.
На Деве Баир откриени се 68 таблети вијагра пакувани во 17 кутии од по 100 мг во патничко возило со албански регистарски таблички, управувано од албански државјанин. Во контрола на автопатот Табановце цариниците откриле и 90 пакувања чај од 100 грама и 60 пакувања капки од 30 мл од различни лековити билки како коприва, артичока, валеријан, оригано и ехинацеја, наменети за лечење на разни болести на циркулација, срце, имунитет, потенција, срце, стрес, камен во жолчка, кандида…
Анализите покажуваат дека во земјава има појава на купување на лекови преку интернет, но за среќа бројот не е голем, а граѓаните со лекови генерално се снабдуваат од аптеките. Во македонските аптеки сите лекови што им се нудат на пациентите се регистрирани и за нивната безбедност гарантираат Бирото за лекови и Министерството за здравство
Во успешна акција на Интерпол во јуни годинава полицијата во 99 земји запленила речиси 10 милиони парчиња лажни лекови, чија вредност достигнала 31 милион евра. Затворени се околу од 9.000 интернет сајтови кои продавале лажни лекови, а уапсени се 58 луѓе кои биле дел од оваа нелегална продажба.
Досегашните анализи на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека повеќе од 59 отсто од лековите купени преку интернет биле лажни. Токму затоа во 2010 година ЕУ за да се заштити од лажните лекови и препарати усвои нов закон за лекови. Со него се предвидува од 2017 година пакувањата на лековите да имаат сигурносен код, со што секој препарат ќе може да се идентификува и да се одреди неговиот производител.Препаратите за слабеење, за малигни заболувања, против маларија, средства за срце, и за намалување на притисок, дури и