Мартина Стојковска има 12 години и веќе 5 години се бори со деформитет на рбетниот столб. Кога била откриена сколиозата, Мартина имала само 7 години, а деформацијата била 28 степени. Сега, 5 години подоцна, прогресира на над 105 степени.Покрај сите неуспешни обиди на лекарите кај нас да се справат со сколиозата, да го стопираат прогресот и ја корегираат истата, родителите мораат спасот да го бараат надвор од државата, со што е потребна итна и неодложна операција во странство за да може девојчето слободно да дише, да се храни, да седи и да се движи.
Деформацијата е до толку опасна што доколку не се изврши хируршката интервенција навреме, може да ја парализира и да доведе до влошување на нејзината здравствена состојба во целост.
Потребна ѝ е итна операција на рбетниот столб во Турција, каде што сѐ е договорено, освен парите за хирушката интервенција која чини 40 илјади евра.Покрај сите неуспешни обиди на лекарите кај нас да се справат со сколиозата, да го стопираат прогресот и ја корегираат истата, родителите мораат сп